Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Претстојните локални избори се загубени за опозицијата и таа ќе мора да се реструктуира, вели Мицкоски
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Претстојните локални избори се загубени за опозицијата и таа ќе мора да се реструктуира, вели Мицкоски
ПОЛИТИКА

Претстојните локални избори се загубени за опозицијата и таа ќе мора да се реструктуира, вели Мицкоски

Објавено August 28, 2025 11:49
Сподели
Сподели

Премиерот Христијан Мицкоски и лидер на ВМРО-ДПМНЕ порача дека сериозно се подготвуваат за претстојните локални избори со цел да направат, како што рече, историски резултат за да продолжи реформската агенда што е почната.

Како политичка партија и како коалиција приоѓаме многу јасно и силно во оваа кампања затоа што сакаме да направиме историски резултат, да продолжи периодот на реформи, на сето она што денеска се гради во Македонија и затоа велам дека и покрај тоа што бројките велат дека Коњановски е победник уште во првиот круг и дека победата на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ќе биде убедлива, ние до последен момент ќе се трудиме да обезбедиме глас повеќе, да убедиме повеќе граѓани да излезат на овие избори бидејќи само на тој начин можеме да ја потврдиме реформската агенда на Владата, изјави Мицкоски при посетата на РЕК Битола.

Според Мицкоски, претстојните локални избори се загубени за опозицијата и таа ќе мора да се реструктуира и да стане конструктивна опозиција.

Локалните избори за нив се загубени и таму ќе престои еден процес на реструктуирање, внатрешна катарза којашто им ја препорачувам за да се ослободат од некои, би рекол, стари времиња и да можат да бидат конструктивна опозиција и заедно да работиме за интересот на граѓаните, порача Мицкоски.

Тој најави дека на 3 септември, Извршниот комитет на партијата ќе одржи седница на која ќе бидат познати останатите кандидати за локалните избори што ќе се одржат во октомври.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Трамп сака да го ограничи времетраењето на визите за странски новинари и студенти
Следна Статија Кузеска: Врв на неспособност, граѓаните едвај врзуваат крај со крај а власта им вели „немаме магично стапче“

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Николоски: Во СДСМ се очајни па го вклучуваат во кампања Пендаровски кого минатата година народот го порази

Александар Николоски, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, имаше свое обраќање на денешниот народен митинг во општина Прилеп, одржан во рамки на изборната…

October 11, 2025
ПОЛИТИКА

Манасиевски: Дали 1,3 милиони евра од набавката на житото во 2022 година, завршиле во џебовите на Заев, Филипче и Љупчо Николовски?

Дали 1,3 милиони евра од набавката на житото во 2022 година, завршиле во џебовите на Зоран Заев, Венко Филипче и…

December 5, 2025
ПОЛИТИКА

Ѓорѓиевски: Љубљана ќе биде град-партнер за развојот на Скопје

Љубљана ќе биде град-партнер за развојот на Скопје. Остваривме извонредна и пријателска средба со долгогодишниот градоначалник на Љубљана, господинот Зоран…

August 28, 2025
ПОЛИТИКА

Мицкоски: Гневот кон ВМРО-ДПМНЕ од коалицијата помеѓу СДСМ, ДУИ и ЛЕВИЦА е огромен

Пред секои локални избори пишуваме програма во која кажуваме што ќе направиме, во овој случај кај Стевче зборуваше што направил,…

October 3, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?