Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Ќе следи дестабилизација на Европскиот фронт зашто не ги врзува идеологија, туку желба за власт, смета Меџити
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Ќе следи дестабилизација на Европскиот фронт зашто не ги врзува идеологија, туку желба за власт, смета Меџити
ПОЛИТИКА

Ќе следи дестабилизација на Европскиот фронт зашто не ги врзува идеологија, туку желба за власт, смета Меџити

Објавено October 6, 2024 15:25
Сподели
Сподели

Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити смета дека излегувањето на Мендух Тачи од коалицијата Европски фронт е само почеток на крајот и оти во иднина ќе има поголема дестабилизација во неа.

„Тие не се навикнати да бидат опозиција сакаат по секоја цена да бидат власт и ниту идеолошки, ниту минатото ги спојува во Европскиот фронт. Таа коалиција не е заради европски вредности и идеологија туку по секоја цена да бидат повторно на власт. Во моментот кога нема власт, нема што да ги спојува. Во моментот кога не се власт, не се дестабилизира Владата или државата, туку полека, но, сигурно се дестабилира Европскиот фронт. Ова е само почеток на нивниот крај“, рече Меџити во одговор на новинарско прашање на прес-конференцијата за „100 дена Влада“.

Истакна дека нема директна комуникација со него за евентуално преминување во коалицијата Влен (Вреди).

Прашан за став во врска со предлогот на претседателот на СДСМ Венко Филипче за затворена седница во врска со процесот на евроинтеграција вицепремиерот Меџити истакна дека сега Владата е таа која ја диктира агендата, и оти работи интензивно на тоа што го има ветено и е во програмата.

„Еден од фокусите или главните приоритети на Владата токму европската интеграција. Опозицијата имаше доволно време, осум години беа на власт и не покажаа ништо. Ние сме посветени на оваа агенда, а тие треба да се посветат на себе си и реформата внатре кај нив“, рече Меџити.

Смета дека не е сериозно, ниту искрено барањето на ДУИ за ветинг на политичарите.

„Ако ДУИ беше сериозна во желбата да се реализира ветинг на политичарите, тие имаа време тоа да го направат. Под притисок на јавноста велат дека се за борба против корупцијата, но, ако им била искрена целта тоа ќе го направеа во минатото. Владата во еден од своите пет приоритети ја има и борбата против корупцијата. Последниот збор го има Обвинителството“, рече вицепремиетот и министер за животна средина и просторно планирање.

Тврдењето на ДУИ дека ќе работат на деблокирање на евронтеграциите, според Меџити, е исто така беспредметно оти додека биле на Власт не сработиле ништо.

„Ќе им порачам малку да работат на себеси за да бидат атрактивни на политичката сцена, а не да удираат за работи кои сами ги не ги направиле. Ние буквално овие 100 дена се занимаваме со нивните погрешни решенија или делумни и незавршени решенија“, рече Меџити.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Во живо: Годишна конференција на УМС на ВМРО-ДПМНЕ
Следна Статија Екс министерот за финансии Кирил Миноски со коментар за кредитниот рејтинг

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

ВМРО ДПМНЕ: Стевчо Јакимовски кој е на црната листа на САД за криминал и корупција, не може да ја води општина Карпош

Стевчо Јакимовски е лице ставено на Црната листа на САД за криминал и корупција. Нашите стратешки партнери за Стевчо Јакимовски…

September 26, 2025
ПОЛИТИКА

Деканот на Градежниот факултет Горан Марковски ќе биде кандидат за градоначалник на Скопје

И Граѓанската платформа „Независни заедно“ ќе има свој кандидат за градоначалник на Скопје, професор доктор Горан Марковски – Декан на…

August 26, 2025
ПОЛИТИКА

Османи: Две години велеа дека ја менуваат трасата, а ниту милиметар на автопатот Скопје-Блаце не е променет

Потпретседателот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Бујар Османи, вели дека денешното потпишување на договорот со ЕБОР за доградба на…

July 6, 2026
ПОЛИТИКА

Тренчевска: Моделите на власта за гласање на дијаспората се изборна манипулација

Пратеничката на СДСМ Јована Тренчевска по средбата во Собранието за измените и дополнувањата на Изборниот законик на прес-конференција изјави дека…

July 7, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?