Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Кузеска: Врв на неспособност, граѓаните едвај врзуваат крај со крај а власта им вели „немаме магично стапче“
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Кузеска: Врв на неспособност, граѓаните едвај врзуваат крај со крај а власта им вели „немаме магично стапче“
ПОЛИТИКА

Кузеска: Врв на неспособност, граѓаните едвај врзуваат крај со крај а власта им вели „немаме магично стапче“

Објавено August 28, 2025 14:10
Сподели
Сподели

Додека власта сака да им каже на луѓето дека не знаат како живеат, дека цените не растат, дека не е се поскапено и дека тече мед и млеко, сите податоци покажуваат дека граѓаните живеат сè потешко и посиромашно, истакна денеска Богданка Кузеска портпаролка на СДСМ.

„Синдикалната минимална кошница е поскапа за речиси 5.000 денари, само за една година. Во исто време, минималната плата порасна за само 1.800 денари.
-Зеленчукот поскапел за 63,3%, а овошјето за 33% само за една година.
-Инфлацијата е 4,8% и ги јаде примањата на граѓаните.
-Реалната плата во јуни порасна за само 3,8%, додека со мерките на СДСМ растот беше над 11%. За прв пат по долго време имаше и пад на просечната плата споредено со претходниот месец. Со други зборови: цените растат, платите мируваат, а куповната моќ на граѓаните паѓа“.

За само една година власт на ВМРО-ДПМНЕ, според Кузеска, Македонија е доведена во најголема економска несигурност досега.

„Министерката за финансии Кочовска вели дека владата „немала магично стапче“ за инфлацијата.

Тоа е само изговор. Владата не е таму да се правда додека се луксузира на грбот на народот, туку да преземе мерки.

Сите земји во регионот, Србија, Бугарија, Хрватска, имаа навремени мерки и интервенции за цените и инфлацијата. Само во Македонија граѓаните се оставени сами на себе. „Немаме магично стапче“ е врв на неспособност и значи дека оваа власт нема ниту план, ни волја да им помогне на граѓаните.

Не треба „магично стапче“ треба владата и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да ги прифатат предлозите на СДСМ за покачување на минималната плата на 500 евра, на укинување на ДДВ за храна и покачување на платите во сите сектори“.

Додава дека платите во Македонија се само 35 % од европските просеци а цените, пак, достигнуваат 60% од европскиот просек.

Тоа, како што оцени Кузеска, значи дека граѓаните плаќаат речиси европски цени, а живеат со трипати пониски плати.

Проблемот, како што вели, не е кај работниците ниту во магичните стапчиња, туку во оваа влада што според Кузеска, свесно држи ниски плати за да им одговара на бизнис-елитите блиски до ВМРО-ДПМНЕ.

„Почетокот на есента е еден од економски најтешките периоди за македонските семејства и СДСМ ќе ја продолжи борбата за повисоки плати. Законските решенија повторно ќе ги поднесеме. Тоа е борба за достоинствен живот“.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Претстојните локални избори се загубени за опозицијата и таа ќе мора да се реструктуира, вели Мицкоски
Следна Статија Вардан Тозија доби средства од Агенцијата за филм за снимање на трет долгометражен игран филм

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Зајкова: Не може граѓаните од странство да имаат поголеми избирачки права од оние кои живеат и допринесуваат тука

Доколку нема до крај разјаснет процес на контрола на гласањето, тогаш изборниот процес веројатно би бил гласање на бел лист…

July 1, 2026
ПОЛИТИКА

ДИК: Гласањето на болните, немоќните и затворениците за градоначалници во четири општини се одвива непречено

Денеска се спроведува гласањето на болните или немоќни лица, како и на лицата кои се на издржување казна затвор или…

January 10, 2026
ПОЛИТИКА

НСДП на локалните избори ќе настапи во коалиција со СДСМ

НСДП вчера во Скопје одржа седница на Централниот одбор на која беа разгледани активностите на партијата кои се преземаат во…

May 19, 2025
ПОЛИТИКА

Осум кандидатури за градоначалник во Куманово

Во Општинската изборна комисија Куманово поднесени се осум кандидатури за градоначалници и 14 листи за советници за претстојните локални избори,…

September 15, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?