Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Филипче: Зошто пратениците на ВМРО-ДПМНЕ не побараа експертско мислење пред да ги предложат законските измени за државјанствата
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Филипче: Зошто пратениците на ВМРО-ДПМНЕ не побараа експертско мислење пред да ги предложат законските измени за државјанствата
ПОЛИТИКА

Филипче: Зошто пратениците на ВМРО-ДПМНЕ не побараа експертско мислење пред да ги предложат законските измени за државјанствата

Објавено April 24, 2026 18:43
Сподели
Сподели

Зошто пратениците на ВМРО-ДПМНЕ не се консултирале со правни експерти пред да ги предложат законските измени со кои се предвидува пратеник во Собранието да може да стане лице што има само македонско државјанство – вели лидерот на опозициската СДСМ, Венко Филипче.

Неговата изјава следува откако премиерот Христијан Мицкоски синоќа во интервју за телевизија Сител ги повика пратениците да се консултираат со уставни експерти пред да ги донесат измените на Законот за пратеници за да се утврди дали предложените измени се правно и уставно издржани.

„Мицкоски вчера ретерираше од најавениот закон од неговите пратеници за забраната за двојни државјанства за пратениците. Премиерот ќе барал мислење од правни експерти. Зошто не побараа претходно, пред пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да го поднесат тој закон во Собранието. Така ли спремаат закони? Вистината е дека ги пресретнавме и разобличивме уште една нивна лага и лажен патриотизам. Кога поднесовме амандмани и предложивме тој предлог-закон да важи и за актуелниот пратенички состав, а не како што тие сакаа за следните пратенички состави, како и да важи за членовите на владата, тие постепено ретерираа“,изјави Филипче на денешната прес-конференција.

Тој ја обвини ВМРО-ДПМНЕ за лажен патриотизам додавајќи дека пратеници, министри, градоначалници, функционери и директори на јавни претпријатија од владејачката партија имаат бугарски пасоши.

„Сакале да глумат патриоти, ама во законот напишале дека измените за државјанствата ќе важат од следните избори, а не од актуелниот состав на парламентот. Зошто не ги прифатија нашите амандмани за тоа што тие го предлагаат да важи од актуелниот состав? Зошто бегаат и од законот за влада?“,вели Филипче.

Лидерот на СДСМ рече дека останува на ставот дека пратеничката група на социјалдемократите целосно ќе се повлече од работната група за Изборниот законик ако власта не се откаже од укинувањето на техничката влада.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Алиу апелира граѓаните да користат услуги исклучиво од овластени и лиценцирани даватели на здравствена заштита
Следна Статија При ископување дошло до затрупување на работници: Со брза реакција на службите, избегната поголема трагедија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Петровска: СДСМ мора да излезе со тим кој знае како да ја врати партијата на победнички патеки

Јас прашањето за опстанокот, функционирањето на СДСМ не би го врзувала само со една личност, рече пратеничката од СДСМ, Славјанка…

November 16, 2025
ПОЛИТИКА

Димитровски: За 72 часа ќе се исчистат дивите депонии во Скопје, ќе се воспостави систем кој ќе функционира долгорочно

Носителот на листата за Град Скопје, Даме Димитровски, во дебата на Канал 5 посочи дека граѓаните на главниот град се…

October 2, 2025
ПОЛИТИКА

Собранието ја изгласа реконструкцијата на Владата – избрани осум нови министри

Собранието денеска ги избра новите министри во рамки на реконструкцијата на Владата, предложена од премиерот Христијан Мицкоски, која беше на…

July 13, 2026
ПОЛИТИКА

Владата негира дека троши државни пари за политичката кампања

Владата ги отфрли , како што велат, изнесените невистини и обиди за манипулација од страна на СДСМ и Левица околу…

September 9, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?