Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Стојаноски: СДСМ избега од дебата за заемот, немаат аргументи
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Стојаноски: СДСМ избега од дебата за заемот, немаат аргументи
ПОЛИТИКА

Стојаноски: СДСМ избега од дебата за заемот, немаат аргументи

Објавено May 21, 2026 16:21
Сподели
Сподели

Пратеникот од Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски, денеска обвини дека СДСМ избегнала дебата во Собранието околу финансискиот пакет и заемот што е предмет на расправа.

Стојаноски изјави дека аргументите кои изминатите денови биле пласирани во јавноста „паѓаат еден по еден“, посочувајќи дека биле исполнети барањата за условите на собраниската расправа.

„Прво, се тврдеше дека во салата 4 нема просторни услови, односно нема каде да се седне, обезбедивме место. Потоа, се тврдеше дека заемот е ставен како втора точка на дневен ред, ја ставивме како прва точка“, рече Стојаноски.

Според него, кога дошол моментот аргументите да се соочат „таму каде што им е местото, во Собранието“, СДСМ одлучила „да избега од дебата“.

Тој оцени дека се „целосно демонтирани“ и тврдењата дека заемот ќе предизвика крах на пензискиот систем, проблеми со буџетот, прилив на мигранти или неможност за користење средства од Европската Унија преку Планот за раст.

„Причината е едноставна, свесни се дека немаат аргументи со кои би ги поткрепиле сопствените тврдења“, изјави Стојаноски.

Во однос на финансискиот пакет, тој нагласи дека станува збор за „најповолни можни услови“ достапни на пазарот и додаде дека со средствата ќе продолжи реализацијата на капитални инвестиции и инфраструктурни проекти.

„Со овие средства ќе се финансираат: повисоки плати, повисоки пензии, изградба на три автопати, брза железница и реконструкција на постојните пруги, нови болници и училишта“, рече Стојаноски.

Тој посочи и дека дел од средствата се наменети за отплата на еврообврзницата земена во 2020 година, која доспева за плаќање во јуни, оценувајќи дека тоа е „крунски доказ“ за причините поради кои СДСМ не учествувала во расправата.

На крајот, Стојаноски порача дека однесувањето на СДСМ претставува „јасен показател дека на СДСМ не може да им се верува“.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Филипче: Го повикувам Мицкоски заедно да ги донесеме уставните измени!
Следна Статија Емери: Не сум крал на Лига Европа

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Мицкоски: Средбите претставуваат уште една потврда за силните и пријателски односи меѓу Македонија и Хрватска

Во духот на пријателството, меѓусебната почит и партнерството разговаравме за унапредување на соработката меѓу двете држави во повеќе стратешки области,…

May 26, 2026
ПОЛИТИКА

Аднан Азизи избран за шеф на Централниот изборен штаб на Вреди за локалните избори

Вреди вечерва во Скопје го промовираше Централниот изборен штаб во пресрет на локалните избори кои треба да се одржат во…

June 3, 2025
ПОЛИТИКА

Владата му одговара на Филипче: Буџетот е стабилен и ликвиден

Владата го прекори лидерот на опозицијата, Венко Филипче, дека не се разбирал во економијата откако тој денеска на прес-конференција изјави…

October 15, 2025
ПОЛИТИКА

Продолжува расколот во СДСМ – Галетановски до Фрчкоски: Седи раат троши си ги парите

По гостувањето на поранешниот амбасадор и поранешен висок функционер, Љубомир Фрчкоски, во поткастот На кавга кај Иван, неговите сопартијци со…

July 4, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?