Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Тим од пластични хирирурзи ќе престојува во Кочани, се очекува 16 повредени во пожарот да заминат на домашно лекување
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Тим од пластични хирирурзи ќе престојува во Кочани, се очекува 16 повредени во пожарот да заминат на домашно лекување
МАКЕДОНИЈА

Тим од пластични хирирурзи ќе престојува во Кочани, се очекува 16 повредени во пожарот да заминат на домашно лекување

Објавено March 25, 2025 08:17
Сподели
Сподели

Шеснаесет пациенти кои беа повредени во пожарот во Кочани и се лекуваа во земјава се очекува да бидат испишани од болниците и лекувањето да го продолжат во домашни услови. Во рок од две недели се очекува половина од пациентите кои се лекуваат во странство да се вратат во државава, а надлежните тврдат дека ги преземаат сите неопходни чекори за продолжување на нивното адекватно лекување.

Во моментов во државава се лекуваат 54 пациенти од трагедијата во Кочани, 46 во јавните здравствени установи, а осум во приватните болници. Од оние во јавното здравство, 26 се лекуваат во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, тројца на КАРИЛ, шестмина на Пластична хирургија, 11 на Токсикологија, по двајца на Пулмологија и Детска хирургија и по еден на Торакална хирургија и Офталмологија. По десет лица се лекуваат во ГОБ „8 Септември“ и Клиниката по хируршки болести „Свети Наум Охридски“. 

Во странство се лекуваат 115 пациенти, а од нив четири се во критична состојба. Оваа недела се очекува осуммина од оние во странство да се вратат на клиниките кај нас.

– Веќе се подготвуваме за прием на пациенти кои се враќаат, кои се лекуваат надвор од државата. Надвор од Македонија се лекуваат 115 пациенти. Оваа недела очекуваме осум пациенти да почнат да се примаат прво во клиниките кај нас, изјави вчера министерот за здравство Арбен Таравари.

Арбен Таравари, кој е дел од коалицијата Влен, која преговара со ВМРО-ДПМНЕ за составување на нова влада денеска изјави дека е сигурен оти оваа влада ќе ги почне преговорите со Европската Уни

Пациентите се во фаза на инфекции и можни се компликации, а здравствените работници од странство го даваат нивниот максимум. – Се надевам барем половина од пациентите ќе се вратат за две недели, додаде Таравари.

Тим од пластични хирурзи ќе престојува во Кочани за пациентите кои ќе бидат на домашно лекување откако ќе се вратат од клиниките да можат да ја добијат потребната поддршка и терапија, а притоа да не патуваат. 

– Ние веќе работиме со редовни програми на нашите клиники, и така ќе продолжиме. Денеска зборувавме и за тоа. Бидејќи повеќето пациенти се од Кочани, тим од пластични хирурзи ќе бидат во Кочани, ќе одат таму да видат за што има потреби, за да интервенираат кога треба. Штипската болница веќе има четири пластични хирурзи. Ќе бидеме во комуникација, ќе им дадеме поддршка, за да не патуваат пациентите, туку нашите доктори да одат и да им дадат помош која што е потребна во фазите кои се пред нас, појасни Таравари. Како што напомена, на дел од пациентите ќе им биде потребна рехабилитација во траење од две недели, а на некои можеби и месеци.

– Ќе размислуваме за опциите за тие кои што ќе останат и ќе бидат на подолгорочно лекување. Веќе размислуваме кои се можните опции, додаде Таравари.

Министерството за здравство, денеска соопшти дека во соработка со граѓанските здруженија посветено работи за унапредување на грижата за пациентите со мултипла склероза.

И владината портпаролка Венера Љатифи Азизи вчера потенцира дека се прави се за да се обезбеди потребниот третман и за подобрување на здравствената состојба на пациентите.

– Во меѓувреме, состојбата на некои пациенти и понатаму е сериозна. Четири од тие кои се во странство се во критична состојба, но правиме се за да го обезбедиме потребниот третман и да се надеваме на нивно подобрување. Покрај болничката нега, како дел од долгорочната нега обезбедивме тим хирурзи кој ќе остане во Кочани за поддршка на пациентите кои се лекуваат дома избегнувајќи ги нивните напорни патувања во клиниките. Исто така, Штипската болница располага со четири хирурзи кои ќе бидат во постојана комуникација за давање поддршка на пациентите, рече Љатифи Азизи. Нагласи дека здравствените установи се максимално посветени за обезбедување квалитетен третман и целосна рехабилитација за сите пациенти. 

Таа истакна дека истрагата за овој сериозен настан продолжува со целосна посветеност и во соработка меѓу одговорните институции. -Владата останува решена да ја открие вистината и да се погрижи одговорните да одговараат за своите постапки, рече портпаролката Љатифи Азизи.

Министерството за образование и наука (МОН) соопшти дека општините треба да утврдат дали сите училишта на нивна територија имаат изработено Проценка на загрозеност од природни непогоди и други несреќи, План за заштита и спасување во кризни ситуации потврден од Дирекција за заштита и спасување и Правилник за заштита од пожари и експлозии, кој исто така треба да биде одобрен од Дирекцијата за заштита и спасување.

МОН на 20 март се обратило до општините, кои се основачи и согласно процесот на децентрализација надлежни за работата на основните и средните училишта, за проверка на исполнетоста и почитувањето на безбедносните стандарди во училишните објекти. Најавуваат дека и Државниот просветен инспекторат, во рамки на своите надлежности, ќе проверува дали училишните објекти се осигурени.

По трагичниот настан што се случи на 16 март 2025 година рано наутро во Општина Кочани, каде во несреќен случај при пожар на дискотека животот го загубија 59 млади лица, а околу 200 луѓе беа повредени, на територија на цела држава беше прогласена седумдневна жалост. Жртвите беа погребани на 20 март 2025 година во Кочани, Скопје, Струмица и Штип. 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија ФФМ: Масев е разрешен, немаме информации за неговите лични постапки
Следна Статија Македонската фудбалска репрезентација подготвена за победа над Велс

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Телата на починатите во пожарот ќе се транспортираат на обдукција во Скопје

Во Општата болница во Кочани пристигнуваат триесетина возила од погребните претпријатија и од АРМ, кои треба да ги транспортираат телата…

March 16, 2025
МАКЕДОНИЈА

Го охрабрувам Обвинителството да работи на откривање нови одговорни лица за пожарот во Кочани, порача Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски го охрабри Обвинителството да работи понатаму и да утврдува дали уште некој друг има одговорност во врска…

June 11, 2025
МАКЕДОНИЈА

„Еурактив“: Владата во Софија нема да преговара за омекнување на условите за почеток на преговорите на Скопје со ЕУ

Новата бугарска влада одбива да преговара со Македонија за олабавување на условите под кои Скопје може да ги почне преговорите…

February 10, 2025
МАКЕДОНИЈА

МВР: Секој има право да протестира, незадоволството не е насочено кон Министерството

Од Министерството за внатрешни работи велат дека го почитуваат и поддржуваат уставно загарантираното право на протест, по денешното протестирање на…

May 12, 2025
Trending

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • ХОРОСКОП
  • СВЕТ
  • ЗДРАВЈЕ
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?