Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: ФФМ: Масев е разрешен, немаме информации за неговите лични постапки
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > ФФМ: Масев е разрешен, немаме информации за неговите лични постапки
СПОРТ

ФФМ: Масев е разрешен, немаме информации за неговите лични постапки

Објавено March 24, 2025 22:31
Сподели
Сподели

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) се огласи вечерва во врска со медиумските написи дека директорот на сениорската репрезентација Данчо Масев е приведен, истакнувајќи дека од пред извесен период е разрешен од должноста, а Федерацијата нема информации околу „личните постапки“ кои довеле до негово апсење.

„Во врска со приведувањето на Данчо Масев, истакнуваме дека ФФМ нема информации за неговите лични постапки и активности кои довеле до оваа ситуација. Со оглед на ситуацијата, неговите активности во рамки на Федерацијата престанаа со моментален ефект, односно пред повеќе од една недела“, соопшти ФФМ.

Реакцијата доаѓа откако претходно денеска весникот „Слободен печат“, повикувајќи се на неименувани изври од затворот „Шутка“, објави дека поранешниот фудбалер и македонски репрезентативец Данчо Масев, кој пред два месеци беше именуван за директор на фудбалската А-репрезентација на Македонија, од пред една недела е во притвор.

„Како институција која се придржува до принципите на законитост и интегритет, случајот го ставаме на органите на Законот во државата. Нашиот фокус е насочен кон организацијата и подготовката на натпреварот Македонија – Велс без да се акцентираат личните постапки, а каква било одговорност ќе биде утврдена од законските органи“, се додава во соопштието на ФФМ.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Од први април минималната плата во Грција ќе биде околу 880 евра
Следна Статија Тим од пластични хирирурзи ќе престојува во Кочани, се очекува 16 повредени во пожарот да заминат на домашно лекување

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

„Мечка“ Лазаревски: Имавме прилика да биде и поубедлива победата, малку жалам и за исходот

Машката македонска репрезентација ја потврди фаворитската улога во баражот со Словачка синоќа во Прешов и оствари победа од 31:24 и…

May 15, 2026
СПОРТ

(ВИДЕО) Кој го извлече подебелиот крај? Погледнете ја тепачката меѓу Делиите и навивачите на Штутгарт

Приведени се српски и германски навивачи по вчерашната тепачка пред мечот Црвена Звезда и Штутгарт. Најголем дел од приведените се…

November 28, 2024
СПОРТ

Милевски го објави списокот за натпреварите со Саудиска Арабија и Лихтенштајн

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Благоја Милевски го соопшти списокот со повикани фудбалери за контролниот натпревар против Саудиска Арабија (4.…

August 27, 2025
СПОРТ

Гоце Седлоски промовиран во нов селектор на Македонија: Ќе барам од играчите на секој меч да оставаат срце на терен“

На прес-конференција одржана денеска од страна на ФФМ, во присуство на претседателот Масар Омерагиќ и директорот на националните селекции Горан…

December 23, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?