Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Силекс нема среќа во европските купови
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > Силекс нема среќа во европските купови
СПОРТ

Силекс нема среќа во европските купови

Објавено July 17, 2026 08:42
Сподели
Сподели

Тренерот на Силекс, Александар Васоски не го криеше разочарувањето по елиминацијата во воведното коло во Конференциската лига, откако освојувачот на македонскиот Куп загуби синоќа на пенали во Скопје од Динамо Минск.

Силекс го пречека лидерот о белоруското првенство со гол предност од првиот натпревар, а откако реваншот во регуларниот дел и продолженијата заврши со идентично водство на Динамо Минск, белорускиот тим победи во пенал серијата со 6-5.

„Одигравме исцрпувачки натпревар во кој влеговме некако со страв во првите 20 минути, несвесно се повлековме иако се договоривме да нападнеме од првата минута. Откако примивме гол се разбудивме и иако немавме многу стоотстотни шанси, но Велиновски ја имаше шансата на натпреварот кога излезе сам пред гостинскиот голман. Во европските купови е така, доколку не се искористат тие шанси за гол“., изјави Васоски по натпреварот.

Во пенал серијата, двете екипи ги реализираа првите пет удри од белата точка, по што Тимовски ја погоди рамката на голот, а Калинин го совлада Ѓеков за конечен триумф на Динамо Минск.

„За жал испаднавме на пенали, тоа е лотарија. Нема што да им замерам на момците, одиграа напорни 120 минути, имавме свои моменти, меѓутоа фудбалот е таков за жал и мора да се помириме со тоа“, додаде стратегот на Силекс

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија В недела ќе биде само втор официјален натпревар меѓу Аргентина и Шпанија
Следна Статија Шкендија едвај до победа

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

Управата на Вардар се откажа од петмина фудбалери

Управата на фудбалскиот клуб Вардар објави кои играчи заминуваат од клубот. Тоа Јасмин Мециновиќ, Николче Шаркоски, Александар Ѓурковски, Џибрил Дианеси…

May 30, 2025
СПОРТ

Навивачите на Челзи: Премиер лигата да ги истражи врските на Тод Боли со веб-страницата за препродажба на билети

Навивачите на Челзи побараа од Премиер лигата да ги истражи врските на косопственикот на клубот Тод Боли со веб-страницата за…

March 27, 2025
СПОРТ

Мициќ го избра Хапоел и стави крај на шпекулациите

Српскиот кошаркар Василије Мициќ (31) е нов член на Хапоел, потврди клубот од Тел Авив.  По неколку недели шпекулации за…

July 17, 2025
СПОРТ

Столе Димитриевски прими пет голови од Барселона (ВИДЕО)

Фудбалерите на Барселоа до врв ја наполнија мрежата на Столе Димитриевски и се пласираа во полуфиналето на Купот. Вечерва на…

February 7, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?