Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Тина Иванова ја доби на суд поранешната министерката за култура, Бисера Костадиновска Стојчевска
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > Blog > Тина Иванова ја доби на суд поранешната министерката за култура, Бисера Костадиновска Стојчевска
Blog

Тина Иванова ја доби на суд поранешната министерката за култура, Бисера Костадиновска Стојчевска

Објавено February 11, 2025 13:35
Сподели
Сподели

Поранешната директорка на Македонската филхармонија, Тина Иванова, ја доби на суд екс министерката за култура, Бисера Костадиновска Стојчевска.

Управниот суд на 22 јануари ја уважи тужбата на тужителот Тина Иванова, со што решението на Министерството за култура за разрешување на директорката на Македонската филхармонија се поништува.

Управниот суд во Скопје ја усвои жалбата на Тина Иванова, поранешна директорка на Македонската филхармонија, која поранешната министерка за култура Бисера Костадиновска Стојчевска, како што пресуди судот,

Судот пресуди дека Тина Иванова, поранешната директорка на Македонската филхармонија, била неправилно и неправедно разрешена поради наводни неправилности во нејзината работа. Министерката Костадиновска Стојчевска јавно ја клеветеше Тина Иванова, која побара јавно извинување што не го доби. По сите истражувања, судот не пронајде никакви неправилности во нејзиното работење како директорка.

Според пресудата, Министерството за култура и екс министерката немаат право на жалба.

За време на мандатот, Иванова ги поддржа протестите на уметниците и на целиот колектив на Македонската филхармонија и се потпиша на нивната петиција.

Тогашната министерка за култура, Бисера Костадиновска Стојчевска, злоупотребувајќи ја позицијата и моќта, којашто, за жал, толку често во историјата ги завела и измамила луѓето, искривувајќи им ја сликата за реалноста, без никаква основа, повторувам, без ниту една основа и пронајдена недоследност или неправилност во работењето, нешто, коешто сега веќе и институционално се докажа. Она што има поголема тежина за мене, е тоа што и без трошка емпатија и човечност, се обиде да го осквернави моето достоинство и да стави дамка на моето име и презиме и на целото мое семејство. Со тој потег, потпирајќи се на позицијата, таа го впери прстот на јавноста кон мене. Но, и покрај тоа, оние коишто ме познаваа, сите мои сакани, сите мои искрени пријатели, сите луѓе коишто веруваа во мене, знаеја и тогаш дека е во прашање една голема небулоза и тенденциозна манипулација. Денес стојам пред сите нив и чесно и гордо им соопштувам дека мојата чесност и достоинственост денес и официјално победија. Јавно им се заблагодарувам за укажаната доверба и поддршка. Оваа победа ви ја посветувам вам!, изјави Иванова.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Државата за македонскиот спорт додели 440 милиони денари
Следна Статија Транспаренси: Падот на индексот се должи на лошата работа на Судскиот совет, Академијата за судии и корумпираните судии и обвинители

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Blog

Златото поскапе за 28 отсто од почетокот на годината

Цените на златото се зголемија за повеќе од 28 отсто оваа година, поттикнати од силната побарувачка од централните банки и…

December 13, 2024

Починато лице пронајдено во мотел во Ѓорче Петров, телото на обдукција

Во СВР Скопје вчера во 16.48 часот било пријавено дека во мотел на подрачјето на Ѓорче Петров бил пронајден починат…

November 3, 2024
Blog

Американски регулатори одобрија продажба на Парамаунт за 8 милијарди долари

Американските регулатори дадоа зелено светло за продажбата на холивудското студио Парамаунт на Скајденс, продукциската куќа во сопственост на милијардерот Дејвид…

July 25, 2025
Blog

Ex-Honduras president, convicted of drug trafficking, freed on Trump pardon – The Washington Post

A former DEA agent called the release “devastating”: “It means any attempt to work your investigations to the highest levels…

December 4, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?