Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Тони Јанковски во „Бизнис-клуб“: Инфраструктурата е крвотокот на државата, а практичната обука темел за создавање стручен кадар
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Тони Јанковски во „Бизнис-клуб“: Инфраструктурата е крвотокот на државата, а практичната обука темел за создавање стручен кадар
ЕКОНОМИЈА

Тони Јанковски во „Бизнис-клуб“: Инфраструктурата е крвотокот на државата, а практичната обука темел за создавање стручен кадар

Објавено November 13, 2025 17:21
Сподели
Сподели

Во најновото издание на поткастот „Бизнис-клуб“ со Бранко Азески гостин е м-р Тони Јанковски, директор за развој на производи и иновации во „Дајнерс клуб Македонија“ Скопје. Тема на разговор во поткастот се образованието, создавањето поволна бизнис-клима, дигитализацијата на процесите и значењето на спортот.

Своето професионално искуство Јанковски го започнал како практикант во Секторот за менаџмент на франшизи во „Discover financial services“ во Лондон, а потоа работел во ревизорската куќа „Дилојте“ во Скопје како виш аналитичар во секторот Ревизија. Подоцна ја основал и управувал со „Ihde Dental Macedonia“, каде што бил одговорен за продажба, финансии, сметководство, за логистика, маркетинг и за организација на настани. Денес е директор за развој на производи и иновации во „Дајнерс клуб Македонија“, каде што игра клучна улога во трансформацијата на брендот преку дигитализација и иновативни решенија.

Дипломирал на Универзитетот „Бокони“ во Милано, на студиите по меѓународна економија, менаџмент и финансии, а постдипломските студии ги завршил на Бизнис-правниот факултет „Есаде“ во Барселона, Шпанија, насока Вреднување на финансиските средства. Имајќи можност да ги види образовните системи во двете земји, Италија и Шпанија, Јанковски истакнува дека образованието во Македонија не ги следи современите трендови и не нуди доволно практична обука во реалниот сектор и учење практични вештини, ниту, пак, искористување на вештините веднаш по завршувањето на образованието. Посебно потенцираше дека на факултетите каде што студирал дел од професорите доаѓаат од реалниот сектор.

„Апсолутно е потребна практична работа. Теоријата треба да е застапена со 20 до 30 % во програмите, но акцентот мора да биде ставен врз практичната обука, учењето вештини и врз непосредната соработка со реалниот сектор. Фирмите треба да се отворат спрема образовните институции за да се искористи квалитетниот кадар“, истакна тој.

Во врска со дуалното образование, за чие воведување Комората многу вложила, и со практичната обука во високото образование, на која работи сега, м-р Јанковски нагласи дека промена е неопходна и дека ќе донесе разлика, но ефектите мора да бидат видливи.

„Мора да се спроведе реформа, но постојано мора да се усогласува со модерните текови на пазарот на трудот, кои треба да ги следи образованието. Потребен е вистински спој меѓу едукацијата и потребите на компаниите од таков кадар“, додаде Јанковски.

Во продолжение на поткастот тој зборуваше за инфраструктурата и за дигитализацијата на процесите. Според него, инфраструктурата е крвотокот на една држава. За да има брз проток на добра и услуги и транзит на луѓе, потребни се модерни патишта и железница и нивна поврзаност, како и брз интернет за комуникација.

Покрај професионалното искуство, Тони Јанковски бил и професионален пливач за македонската репрезентација (од 2005 до 2012 година). Настапувал на Европското првенство за јуниори во Чешка (2009 година) и на Светските универзитетски игри во Кина (2011 година) и е повеќекратен државен шампион и рекордер.

За него спортот претставува битен столб на државата, како и образованието.

„Спортот значи одговорност, редовност и почитување. Државите кои имаат функционален спортски систем имаат добра, здрава младина, а тоа значи и подготвена работна сила“, додаде Јанковски.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Нема вонредно зголемување на минималната плата, усогласувањето ќе биде во март, вели Дурмиши
Следна Статија Нов пораз на макеоднските млади фудбалери

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Аеродромот во Скопје со најголем раст на патници во зимската сезона

Аеродоромите во Скопје и во Белград, според објавениот зимски ред на летање, се очекува да го забележат најсилниот раст во…

October 30, 2025
ЕКОНОМИЈА

Се огласи сопственикот на „Соравиа“: Нема да дозволиме извршител да ја продава зградата

Соравија Инвест ДООЕЛ објави дека активно ги следи сите правни лекови за да се запре најавената продажба на деловниот центар…

April 4, 2025
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски не очекува покачување на цената на струјата за домаќинствата

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека не очекува поскапување на струјата за домаќинствата во јануари. Одговарајќи на новинарско прашање Мицкоски рече…

October 28, 2024
ЕКОНОМИЈА

На владина седница извештајот за бојкотот на маркетите, можни мерки за цените

Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) и Министерството за економија и труд денеска на седница на Владата треба да поднесат извештај во…

February 11, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?