Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: За прв пат на месечно ниво имаме базична инфлација во негатива
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Мицкоски: За прв пат на месечно ниво имаме базична инфлација во негатива
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: За прв пат на месечно ниво имаме базична инфлација во негатива

Објавено September 10, 2025 14:17
Сподели
Сподели

„Тоа е месечната ставка, вклучително и годишната ставка ако се гледа споредено со јули имаме намалување од 4,9 на 4,4 проценти. Очекувам тој тренд полека да продолжи и да дојдеме до оние стабилни проценти би рекол, 2, 2,5 проценти. Тоа е она кое што го очекуваме во периодот кој што следи“, вели Христијан Мицкоски претседател на Владата на Република Македонија одговарајќи на новинарско прашање кој е неговиот став во однос на информацијата дека месечната ставка за август за инфлацијата е намалена во однос на јули.

Премиерот Мицкоски нагласи дека ако се направи длабинска анализа ќе се види дека на месечно ниво за прв пат базичната инфлација е во негатива, односно во минус.

„Но она кое што е важно е ако се направи длабинска анализа ќе се види дека на месечно ниво за прв пат базичната инфлација е во негатива, односно во минус. Тоа е добар индикатор дека имаме полека стагнирање и намалување на базичната инфлација која што беше главен драјвер, двигател на генералната инфлација. Мерките не се така интензивни кои што ги правевме, ние се одлучивме и покрај критиката која што ја добиваме од одредени невладини, синдикални здруженија итн. да водиме многу внимателна макроекономска политика, да направиме баланс помеѓу растот на платите и инфлацијата, односно секогаш растот на платите да е повисок барем двојно да гледаме од тоа што е растот на инфлацијата. Така што во нето граѓаните да имаат подобар стандард, така ќе продолжиме без интервенционизам“, рече Мицкоски и додаде:

„Интензивни се контролите на ДПИ и на Комисијата за заштита од конкуренција, нормално не правиме од тоа естрада и парада па сето тоа да го соопштуваме пред камера, но континуирано имаме мониторинг и најмалку еднаш до два пати неделно добивам извештај од двете институции“.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Лекари од „Ремедика“, „Аџибадем Систина“ и „Жан Митрев“ ќе се ангажираат во јавно здравство, потпишан Меморандум за соработка
Следна Статија Азески на работна средба со француската компанија Буиг за поддршка на инфраструктурни инвестиции

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Минималната плата ќе се зголеми, најверојатно за 1800 денари

Минималната плата треба да се зголеми овој месец, но за колку, се уште не е познато. Согласно законот, зголемувањето би…

March 6, 2025
ЕКОНОМИЈА

Зошто цената на среброто достигна рекордно ниво?

Цената на овој благороден метал за прв пат во историјата надмина 60 долари за унца.

December 11, 2025
ЕКОНОМИЈА

Владата и банките продолжуваат со преговорите околу унгарскиот заем

Владата и банките продолжуваат со преговорите околу условите за пласманот на унгарскиот заем за македонските компании. Начелно постои договор околу…

November 18, 2024
ЕКОНОМИЈА

Проф. Петрески: Владата треба да направи стратегија за прилагодување кон американските царини

Економистот и универзитетски професор Марјан Петрески во гостување на ТВ „24“ рече дека е потребно Владата да разговара со претставници…

April 8, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?