Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Линеарното покачување на пензиите од 1.000 денари ќе стигне во Собранието пред да се распишат изборите, вели Мицкоски
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Линеарното покачување на пензиите од 1.000 денари ќе стигне во Собранието пред да се распишат изборите, вели Мицкоски
ЕКОНОМИЈА

Линеарното покачување на пензиите од 1.000 денари ќе стигне во Собранието пред да се распишат изборите, вели Мицкоски

Објавено July 22, 2025 13:34
Сподели
Сподели

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање во врска со тоа дали повторно ќе може да се очекува линеарно зголемување на пензиите оваа есен, како и кои законски измени треба да се донесат, информираше дека очекува такво зголемување. Тоа е барање, рече што до Владата беше упатено од пензионерите.

„Да, јас тоа веќе го најавив дека очекуваме линеарно зголемување на пензиите. Тоа го бараат практично пензионерите од Владата. Тој процент согласно закон, којшто треба да се зголеми, да биде линеарно распределен на сите корисници на пензии. Ние тој глас го слушнавме како Влада“, изјави Мицкоски.

Предлог-законското решение, како што нагласи премиерот, треба да помине на денешната владина седница и истото да помине во парламентот, пред распишувањето на локалните избори, коишто се планирани за на есен.

„Денеска, на седница на Владата, би требало предлог-законското решение да помине и веднаш потоа да биде испратено до парламентот. Очекувам парламентот, пред распишување на локалните избори, да тоа го изгласа позитивно“, објасни тој.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Едногодишно бебе во болница откако се затруло со лекови
Следна Статија Нено Димитријевиќ се враќа во Русија, се договори со Зенит за 3 милиони евра

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Растот на индустриското производство за март е 5,2 отсто на годишно ниво споредбено со лани

Премиерот Христијан Мицкоски ја поздрави и оцени како одлична вест информацијата за раст на индустриското производство за март од 5,2%…

April 30, 2025
ЕКОНОМИЈА

Веризон забележува силен пораст на претплатници под новото раководство

Мобилниот оператор ги надмина очекувањата на Вол Стрит за приходи и прогнозира агресивен раст и заштеда на трошоци

February 1, 2026
ЕКОНОМИЈА

ОПЕК+ предупредува на трошоците за поправка на оштетените енергетски капацитети на Блискиот Исток

Осум земји што го сочинуваат јадрото на групата производители на нафта ОПЕК+ денеска изразија загриженост поради нападите на Иран врз…

April 5, 2026
ЕКОНОМИЈА

Цената на становите во Скопје достигна фантастични 3000 евра за метар квадратен

Цената на становите во Скопје достигна фантастични 3000 евра за метар квадратен. Ова според градежниците е сосема норманално зошто според…

December 11, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?