Поранешниот претседател на Регулаторната комисија, Марко Бислимоски влегува во приватниот сектор.
На 6 мај почна со работа Друштвото со ограничена одговорност со едноличен капитал Соне Енерџи 2025 ДООЕЛ Скопје која е регистрирана на адреса во скопската населба Карпош. Дејност на компанијата ќе биде „ советување во врска со работењето и останато управување“. Актуелен директор на компанијата е Марко Бислимоски кој по професија е дипломиран електро-инженер.
Бислимоски во февруари го информираше претседателот на Собранието дека се повлекува од фунцијата, но одлуката не ја коментираше ниту тој ниту неговите соработници. Неговиот мандат требаше да заврши во 2028 година, а беше наследен од Ацо Ристов, поранешен градоначалник на Радовиш кој доаѓа од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.
Три недели претходно Управата за финансиска полиција (УФП) му поднесе кривична пријава на Бислимоски во која се сомничи за злоупотреба на службената положба и овластување.
