Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Лекари од „Ремедика“, „Аџибадем Систина“ и „Жан Митрев“ ќе се ангажираат во јавно здравство, потпишан Меморандум за соработка
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗДРАВЈЕ > Лекари од „Ремедика“, „Аџибадем Систина“ и „Жан Митрев“ ќе се ангажираат во јавно здравство, потпишан Меморандум за соработка
ЗДРАВЈЕ

Лекари од „Ремедика“, „Аџибадем Систина“ и „Жан Митрев“ ќе се ангажираат во јавно здравство, потпишан Меморандум за соработка

Објавено September 10, 2025 13:31
Сподели
Сподели

Министерот за здравство, Азир Алиу, денес ги посети трите најголеми приватни здравствени установи во земјава – „Ремедика“, „Аџибадем Систина“ и „Жан Митрев“ – со цел потпишување заеднички Меморандум за соработка.

Со овој меморандум се воспоставува рамка за соработка помеѓу Министерството за здравство и приватните здравствени установи, со која ќе се овозможи ангажирање на здравствен кадар – специјалисти од приватниот сектор во јавните здравствени установи, во случаи на зголемени потреби, недостиг на кадар или други приоритетни здравствени барања.

Законоското функционирање на сите здравствени установи, како јавни, така и приватни – е наш највисок императив. Целта е врвниот потенцијал на здравствениот систем да се стави на располагање на пациентите, преку мапирање и ставање на потребните ресурси во интерес на граѓаните,“ истакна министерот Алиу.

Меморандумот предвидува Министерството тековно да ги идентификува јавните здравствени установи со потреба од дополнителен кадар, да обезбеди административна и правна поддршка, како и да ја координира соработката. Од друга страна, приватните здравствени установи се обврзуваат да обезбедат квалификуван здравствен кадар кој ќе биде ангажиран под јасно утврдени услови и во согласност со етичките и професионалните стандарди.

Со овој чекор, Министерството за здравство го унапредува партнерството со сите здравствени капацитети во државата, со крајна цел – подобрување на квалитетот и достапноста на здравствените услуги за пациентите.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Хаос на улиците на Франција: Досега уапсени над 200 демонстранти, полицајците гаѓани со камења (ВИДЕО)
Следна Статија Мицкоски: За прв пат на месечно ниво имаме базична инфлација во негатива

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗДРАВЈЕ

Казни и заплени за десетици оператори со небезбедна храна во близина на училиштата

Петнаесет забрани за вршење на дејност изрече Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) на оператори со храна во рамки на…

November 16, 2025
ЗДРАВЈЕ

Вакцината што не треба да се чува во фрижидер стигна до фазата испитување на човек

Во Велика Британија е покренато првото клиничко испитување во светот на вакцина којашто не треба да се чува во фрижидер.…

April 30, 2025
ЗДРАВЈЕ

Новотни: Загадениот воздух го забрзува стареењето на мозоците во Македонија

Поради околинските чинители, меѓу кои еден од најважните е аерозагадувањето, стареењето на мозоците во Македонија е повеќекратно забрзано, што пак…

September 13, 2025
ЗДРАВЈЕ

Нови 300 слободни места за специјализанти, најави министерот Алиу

Набрзо ќе бидат отворени нови 300 слободни места за кадри од редот на приватните специјализанти, најави денеска министерот за здравство…

June 29, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?