Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Тошковски: Криминалот е на најниско ниво во последните 20 години
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Тошковски: Криминалот е на најниско ниво во последните 20 години
МАКЕДОНИЈА

Тошковски: Криминалот е на најниско ниво во последните 20 години

Објавено May 7, 2026 22:19
Сподели
Сподели

Во кругот на МВР денеска се одржа централната свеченост по повод 7 Мај – Денот на македонската полиција, на која се обрати министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

Во своето обраќање, Тошковски истакна дека македонската полиција останува клучен столб на безбедноста, стабилноста и владеењето на правото, нагласувајќи дека институциите имаат капацитет одлучно да се справат со криминалот и корупцијата.

„Минатата година ја завршивме со намалување на вкупниот криминалитет за повеќе од шест проценти. Сузбиени се 16 организирани криминални групи во кои дејствувале 205 лица. Во делот на борбата против корупцијата беа реализирани повеќе значајни постапки, вклучително и случаи од висок профил, а сузбиени се и четири криминални групи. Особено е значајно што вкупниот криминалитет бележи намалување и е на најниско ниво во последните 20 години. Ефикасноста изнесува 67,2%, што исто така претставува највисоко ниво во истиот период“, истакна Тошковски.

Тој посочи дека паралелно со безбедносните активности, Министерството интензивно работи и на модернизација на институцијата и унапредување на услугите кон граѓаните.

„Реновирани се управните служби во Скопје, а отворени се и осум нови управни служби низ државата, со што значително се подобрува достапноста на услугите. По повеќе од 15 години набавени се 120 нови современи службени возила, технолошки опремени и поврзани со дигиталните системи на Министерството, што овозможува побрзо и поефикасно постапување на терен“, нагласи Тошковски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски до младите: Дома треба да сонуваме и да ја градиме иднината, не во туѓи економии
Следна Статија Eве кога Дончиќ се враќа на теренот

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Тошковски: Имаме јасна и цврста волја за борба против организираниот криминал

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски во гостување на емисија на ТВ Алфа истакна дека борбата со организираниот криминал и…

October 18, 2024
МАКЕДОНИЈА

Скопје втор на листата по најлош квалитет на воздух помеѓу главните градови во Европа

Главниот град на БиХ Сараево, е со најлош квалитет на воздухот за изминатата 2024 година на листата на главните градови…

April 7, 2025
МАКЕДОНИЈА

Анел Фидоски избран за јавен обвинител на ОЈО Скопје, Бубевски отпадна

На денешната седница на Советот на јавни обвинители, обвинителот Анел Фидоски беше избран за јавен обвинител на Основното јавно обвинителство…

January 20, 2026
МАКЕДОНИЈА

Ветер со брзина на УРАГАН: Регистрирани ветрови со брзина од 134 км/час

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) врз основа на податоците од Националната мрежа на автоматски метеоролошки станици, на ден 21 јули…

July 22, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?