Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски до младите: Дома треба да сонуваме и да ја градиме иднината, не во туѓи економии
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Мицкоски до младите: Дома треба да сонуваме и да ја градиме иднината, не во туѓи економии
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски до младите: Дома треба да сонуваме и да ја градиме иднината, не во туѓи економии

Објавено May 7, 2026 22:01
Сподели
Сподели

На министерската конференција за демографска отпорност што се одржува во Скопје, премиерот Христијан Мицкоски испрати директна порака до младите граѓани и дијаспората. Тој истакна дека државата мора да ја трансформира миграцијата од загуба во можност, претворајќи го „одливот на мозоци“ во „прилив на знаење“.

Мицкоски нагласи дека новата Стратегија за 2026-2046 година има за цел да создаде општество во кое младите ќе сакаат да останат и да формираат семејства.

„Младите не смеат да ја доживуваат државата како место од кое треба да заминат за да успеат, туку како место каде можат да ја реализираат својата иднина. Затоа потребни се политики што ќе овозможат подобар баланс помеѓу работата и семејниот живот, поддршка за младите родители, инвестиции во детска заштита, подобри услови за вработување и пристапно домување“, рече Мицкоски.

Тој ја критикуваше практиката на краткорочна работа во странство додека се користат услугите на домашниот систем без придонес во економијата.

„Не можеме да бараме времена работа некаде во некои туристички земји, да контрибуираме во таа локална економија неколку месеци во годината и да плаќаме таму даноци, а да бараме од нашиот здравствен систем овдека бесплатно здравствено осигурување и да живееме со критика кон тој истиот систем којшто ние истите го измачуваме и го истрошуваме“, нагласи премиерот.

Своето обраќање го заврши со апел за заедничка работа на домашниот систем, потенцирајќи дека само со силни соништа и работа дома може да се изгради отпорно општество.

„Дома се гради иднината на вашата татковина“, заклучи Мицкоски пред дипломатскиот кор и меѓународните гости.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Над 400 учесници и повеќе од 250 компании на вториот Германско-македонски бизнис самит
Следна Статија Тошковски: Криминалот е на најниско ниво во последните 20 години

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Македонија изгуби врвни лекари кои спасувале илјадници човечки животи

Д-р Александар Ристески (75) специјалист-радиолог, д-р Никола Василески (42) специјалист-гинеколог акушер и Фанче Јованоска (51) радиолошки технолог, сите од Прилеп,…

October 4, 2024
МАКЕДОНИЈА

Без кавги, алкохол, мрзеливост: Што треба а што не да се прави на Велики понеделник

Последната седмица пред Велигден (Пасха) е Страдална или Страстна седмица, Седмица на маките (страст е црковно-словенски збор и значи: мака,…

April 14, 2025
МАКЕДОНИЈА

Ѓурчески за рекетот врз Митрев: Парите од Преспанскиот и Договорот со Бугарија морале некако да се исперат

Една реченица која кажа премногу. Ова е најдобар приказ на врската на организираните криминални групи со политичките елити кои настапуваат…

January 21, 2026
МАКЕДОНИЈА

Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод празникот Свети Сава

Претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова денеска упати честитка до припадниците на српската заедница по повод празникот Свети Сава. Упатувајќи срдечни…

January 27, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?