Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Одговорност за наставничка што ја организирала приредбата во ОУ „7 Март“ во Челопек
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Одговорност за наставничка што ја организирала приредбата во ОУ „7 Март“ во Челопек
МАКЕДОНИЈА

Одговорност за наставничка што ја организирала приредбата во ОУ „7 Март“ во Челопек

Објавено December 4, 2024 16:20
Сподели
Сподели

Записникот од вонредниот надзор е готов, инспекторите утврдиле неправилности поради што одговорност ќе понесе една од наставничките која била организатор на приредбата, изјави министерката за образование и наука Весна Јаневска во врска надзорот што завчера во училиштето „7 Март“ во Челопек го извршил Државниот просветен инспекторат.

-Ќе бидат информирани и директорот и градоначалникот за да постапат по закон, но она што е поважно, според мене, е дека и во ова училиште и во неколку други училишта каде што имавме пријави за нерегуларности, каде што, чесно ќе кажам не се утврдени нерегуларности, но имало некаков револт, ќе спроведеме обука за соживот, мултукултурализам, мултиетничност, и за тоа ќе побараме поддршка и од ОБСЕ, изјави Јаневска денеска во Ректоратот на УКИМ каде што учествуваше на конференција „Подобро образование за посилен раст“.

Инспектори го посетија училиштето во тетовски Челопек откако таму на 28 ноември била организирана училишна приредба во која учествуваат ученици облечени во воени униформи со амблеми на УЧК и со пушки во рацете.

За настанот реагираше министерката за образование и наука Весна Јаневска, која оцени дека таквиот чин е законски казнив и побара од ДПИ да изврши надзор во училиштето.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски: Ќе продолжам да упатувам пораки судиите и обвинителите да стават фокус на справување со криминалот и корупцијата
Следна Статија Мицкоски: Изминатите месеци како Влада покажавме дека може да се функционира поинаку- транспарентноста и отчетноста се наш приоритет

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Скупи – Римскиот град под Зајчев Рид, археолошки бисер кој во себе крие неистражени тајни

На падините на Зајчев Рид, во близина на скопската населба Злокуќани, се наоѓа едно од најзначајните археолошки места во Македонија…

August 20, 2025
МАКЕДОНИЈА

Филипче: Сребреница засекогаш ќе остане симбол на опасноста од поделби и омраза

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска упати порака по повод 30 години од геноцидот во Сребреница, во која оддаде почит…

July 11, 2025
МАКЕДОНИЈА

Судскиот совет на итна седница ќе одлучува за имунитетот на судијата Ѓоко Ристов

Судскиот совет на Република Македонија соопштува дека на итна седница денеска ќе одлучува за одземање на имунитетот и за одобрување…

January 20, 2026
МАКЕДОНИЈА

Донев: На Дамева не ѝ беше местото таму

Проблемот кај нас е што оние реформи што ги предложи ЕУ за судскиот совет, сето тоа бара промена на Уставот.…

December 3, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?