Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мирче Стојков ќе ја води општина Кочани до изборот на нов градоначалник
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Мирче Стојков ќе ја води општина Кочани до изборот на нов градоначалник
МАКЕДОНИЈА

Мирче Стојков ќе ја води општина Кочани до изборот на нов градоначалник

Објавено March 18, 2025 17:57
Сподели
Сподели

Мирче Стојков, советник од ВМРО-ДПМНЕ, ќе ја води Општина Кочани до изборот на нов градоначалник, откако досегашниот градоначалник, Љупчо Папазов, поднесе оставка од морални причини по пожарот во дискотеката „Пулс“, при кој загинаа 59 млади луѓе, а 155 се повредени. Стојков досега беше заменик градоначалник.

Според законот, по објавувањето на оставката на Папазов во Службен весник, Стојков има рок од 15 дена да го извести Министерството за локална самоуправа. Министерството има рок од 15 дена да ја извести Владата, која потоа има рок од еден месец да ја констатира оставката и да иницира распишување на избори за нов градоначалник.

Советот има рок од 30 дена да избере в.д. градоначалник од редот на советниците. Поради тоа што нема потреба од вонредни избори ако до редовните избори останат помалку од шест месеци (кои треба да се одржат во октомври), веројатно ќе се чекаат редовните избори.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Владата го задолжи МФ да обезбеди 30 милиони денари за транспорт и сместување во странство на најблиските на повредените во пожарот
Следна Статија За два дена направени педесетина контроли, само 22 објекти имале важечки лиценци

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

М-НАВ: Апелацискиот суд Скопје ја потврди пресудата со која се забранува најавениот штрајк на ССКЛ

Апелацискиот суд Скопје ја одби жалбата на Самостојниот синдикат на контролорите на летање (ССКЛ) и ја потврди првостепената пресуда на…

June 9, 2026
МАКЕДОНИЈА

Со пет награди македонските ученици се враќаат од Медитеранскиот СТЕМ натпревар во Атина

Со едно прво место, со награда за најдобро решение на понуден проблем, за најдобра соработка како тим, награда за најдобра…

April 5, 2025
МАКЕДОНИЈА

Имало голем интерес, затоа се продолжува огласот за рокот за ангажирање 400 пожарникари

Владата на Република Македонија информира дека, поради силниот интерес и позитивниот одзив на граѓаните, се продолжува рокот за пријавување на…

July 17, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски за прислушувањето: Нема да има селективна правда, ќе има одговорност и правна разрешница

Нашата определба за партнерство и транспарентност е тесно поврзана со европската иднина на државата. Процесот на приближување кон Европската Унија…

September 2, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?