Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: За два дена направени педесетина контроли, само 22 објекти имале важечки лиценци
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > За два дена направени педесетина контроли, само 22 објекти имале важечки лиценци
МАКЕДОНИЈА

За два дена направени педесетина контроли, само 22 објекти имале важечки лиценци

Објавено March 18, 2025 17:59
Сподели
Сподели

Во изминатите два дена државните пазарни инспектори спровеле педесетина контроли во објекти на целата територија на државата при што повеќе од половината објекти или имале лиценци со измината важност, или немале никаква лиценца, а за некои нема никакви податоци. Ова попладнево на прес конференција го соопшти владината портпаролка Марија Митева, која рече дека акцијата продолжила и денеска, а ќе се одвива и натаму и дека ќе бидат проверени сите угостителски објекти.
Таа информираше за преземените активности на надлежните институции по завршување на денешната владина седница, а кои се однесуваат на две точки – првата е преземените активности од страна на Државниот пазарен инспекторат и втората во однос на информација за состојбата за сместување на семејствата на хоспитализираните надвор од државата.

„На територијата на државата извршени се околу 50 контроли во текот на 16 и 17 март во угостителски објекти кои што имаат лиценца за работа која се однесува на кабаре, ноќен клуб, диско клуб и диско клуб на отворен простор“, рече Митева.

Во моментот на надзорот, како што посочи, субјектите не вршаеле дејност поради седумдневната жалост, но врз основа на податоците со кои располага ДПИ и остварени контакти со одговорните лица на самите угостителски објекти се обезбедени документи кои што се потребни за надзорот да биде извршен.

Согласно овие контроли на увид се приложени лиценци за вршење на угостителска дејност кои што се со важност и тие се 22 на број на цела територија на државата. Но, има и 15 лиценци кои што се со истечена важност, прецизира Митева.

Во Скопје биле контролирани 13 објекти од кои само два имаат лиценца со важност за кабаре и осум со истечена важност. Три објекти немаат никаква лиценца.

Во Куманово има три објекти, сите се со важечка лиценца кабаре.

Штип, Виница и Делчево, по еден објект регистриран како кабаре, сите се со лиценца со важност.

Во Струмица има четири објекти, две лиценци со важност на диско клуб, една лиценца со важност диско клуб на отворен простор, и една е истечена лиценца.

Во Гевгелија има еден објект со важност на лиценца за диско клуб, во Битола се четири објекти од кои три се со важност за кабаре, еден со важност на диско клуб на отворен простор.

Во Прилеп има два објекти и двата се со истечена лиценца. Кавадарци еден објект со лиценца со важност, Неготино еден објект со истечена лиценца.

Во Велес има еден објект со важност кабаре, Охрид четири објекти, од кои две лиценци се со важност, една лиценца за диско клуб, еден објект е без лиценца. Кичево – еден објект со важност кабаре, Гостивар има еден објект со истечена лиценца, во Тетово шест објекти, од кои за четири нема податок, а два се со истечена лиценца.

„Денеска ДПИ е на терен и се проверуваат сите 22 објекти кои што имаат важечка лиценца дали ги исполнуваат минимум техничките услови кои што се потребни за да ја добијат таа лиценца, заедно со останати надлежни институции, за што дополнително ќе информираме, откако ќе заврши целиот надзор“, рече Митева.

Таа додаде дека за сите други објекти кои што се со истечена важност на лиценцата или немаат воопшто лиценца, ДПИ донесе забрана за вршење на дејност се додека не се утврдат сите потребни документи, додека не се провери дали воопшто поседуваат минимално технички услови за вршење на дејност за истите да можат да обезбедат дополнителна лиценца.

Дополнително, во Министерството за економија се прави приоверка дали има злоупотреба со архивското работење, односно дали некоја лиценца е заведена под друга основа.

Одговарајќи на прашања на новинарите зошто се тргна од објекти кои што се лиценцирани односно регистрирани, а не од оние кои што личат на штали и дали се остави простор колку толку да се средат, Митева рече дека е потребно да се направи разлика меѓу оние објекти кои што имаат основ да поседуваат лиценца и објекти кои што се регистрирани како угостителска дејност, а вршат можеби некој друг вид на дејност, односно ја злоупотребуваат, работат можеби надвор од времето, за што има и такви информации.

„Буквално на секој објект ќе се направи контрола. Секаде, буквално секаде ќе се направи контрола од страна ДПИ, а со подетални информации јавноста ќе ја информираме дополнително“, рече Митева.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мирче Стојков ќе ја води општина Кочани до изборот на нов градоначалник
Следна Статија „Audi“ ќе укине 7.500 работни места во Германија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Ѓорѓиевски: Нема вработувања во Град Скопје

Нема вработувања во Град Скопје – нема да дозволам ниту еден денар од буџетот на скопјани да биде злоупотребен!, порача…

February 5, 2026
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Гласањето на дијаспората треба да се разгледува заедно со една изборна единица

Прашањето за начинот на гласање на дијаспората треба да се разгледува заедно со можноста за воведување една изборна единица и…

January 14, 2026
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Ни треба деполитизирана администрација, каде клучни ќе бидат стручноста и посветеноста

Нашата визија е јасна, сакаме јавна администрација којашто ќе биде пример за ефикасност, транспарентност и отчетност, истакна премиерот Христијан Мицкоски…

November 27, 2024
МАКЕДОНИЈА

Православните христијани го слават Рождеството Христово – Божик

Православните христијани во земјава денеска го слават Рождеството Христово-Божик. Во сите храмови на Македонската православна црква изутринава се одржуваат божикни…

January 7, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?