Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: „Audi“ ќе укине 7.500 работни места во Германија
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > Blog > „Audi“ ќе укине 7.500 работни места во Германија
Blog

„Audi“ ќе укине 7.500 работни места во Германија

Објавено March 18, 2025 18:01
Сподели
Сподели

Производителот на луксузни автомобили „Audi“ објави дека ќе укине 7.500 работни места во својата земја Германија до крајот на 2029 година, откако профитот и приходите паднаа под притисок на слабата побарувачка и жестоката конкуренција.

Управата и работничкиот совет долго разговараа за мерките за штедење и постигнаа договор за концептот во понеделникот.

До 2027 година ќе бидат укинати 6.000 работни места и уште 1.500 до крајот на 2029 година, при што менаџментот истакна дека целта е да се намали бирократијата, а не да се намалат работните места во производството.

Оригиналниот план предвидуваше 12.000 отпуштања, нагласи претседателот на работниот совет Јерг Шлагбауер.

Ниту еден работник нема да биде отпуштен до крајот на 2033 година, објасни претседателот на управниот одбор Гернот Долнер, посочувајќи дека програмата која гарантира работни места ќе биде продолжена за четири години. Ќе се намали бројот на вработените преку доброволно пензионирање и истекување на договорите.

„Audi мора да стане побрз, поагилен и поефикасен. Јасно е дека тоа нема да биде можно без приспособување на работната сила“, тврди претседателот на одборот на директори.

Планот за отпуштање, во комбинација со други намалени бенефиции на вработените, треба да донесе заштеди од повеќе од една милијарда евра годишно на среден рок. Мерките вклучуваат намалување на платите и промени во програмата за споделување на профитот, која ќе се намалува во период од неколку години.

Договорот за гаранција за безбедност на работните места на нејзините германски локации беше продолжен до крајот на 2033 година, соопшти „Audi“.

Управата лани исплатила 8.840 евра по вработен за резултати во 2023 година. Истовремено најавија осум милијарди евра инвестиции во производството во Германија.

„Ги позиционираме Инголштад и Некарсулм да бидат силни и флексибилни за предизвикувачкиот премин кон електричната мобилност“, рече Долнер.

„Преговорите беа тешки, но секогаш фактички и ориентирани кон решенија… моравме да направиме компромиси за да овозможиме финансиска флексибилност за дополнителни инвестиции“, рече во изјавата Јоерг Шлагбауер, шеф на работничкиот совет.

Во вторникот компанијата објави дека приходите ѝ паднале за 7,7 отсто минатата година, на 64,5 милијарди евра. Добивката по оданочување потонала за 33 отсто, на 4,2 милијарди евра.

Групацијата испорачала 1,69 милиони автомобили на клиентите минатата година, 12 отсто помалку отколку во 2023 година.

Минатогодишните резултати беа натежнати од слабата побарувачка и жестоката конкуренција на меѓународно ниво, посочуваат тие. Во првата половина од годинава имаа проблеми и со недостиг на делови за поголеми мотори, па беа принудени да ја затворат фабриката во Брисел.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија За два дена направени педесетина контроли, само 22 објекти имале важечки лиценци
Следна Статија Таравари и се заблагодари на Бугарија и на целиот бугарски народ за солидарноста

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Nvidia Stock Is Rising Again after a 2% Gain on Wednesday — What’s Driving the Rally? – TipRanks

March 9, 2026
Blog

Мицкоски: Шабани и Сулејмани со својата работа и посветеност ќе придонесат за зајакнување на институционалниот капацитет

Денес пред вас стојам со предлог за избор на двајца заменици министри, решение кое не е само кадровска одлука, туку…

March 4, 2026
Blog

(ВИДЕО) Фрчковски: Мицкоски и Орбан – ист модел, корупција на сите нивоа

Предавникот Христијан Мицкоски отиде кај својот пријател Виктор Орбан да се договара за Никола Груевски и нивните бизниси. Кога оди…

March 31, 2026
Blog

Министерот Николоски ќе присуствува на промоцијата на седмиот авион на „Виз ер“ во Скопје

Заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, денеска ќе присуствува на прес-конференција што ТАВ Македонија ја организира на…

July 21, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?