Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Над 400 учесници и повеќе од 250 компании на вториот Германско-македонски бизнис самит
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Над 400 учесници и повеќе од 250 компании на вториот Германско-македонски бизнис самит
ЕКОНОМИЈА

Над 400 учесници и повеќе од 250 компании на вториот Германско-македонски бизнис самит

Објавено May 7, 2026 21:53
Сподели
Сподели

AHK Македонија, дел од глобалната мрежа на германските стопански комори во странство – денеска заедно со Македонско-Германското стопанско здружение го организираше вториот German–Macedonian Business Summit 2026 во Скопје. Под мотото „ „Применетите технологии и дигитализацијата како двигатели на економскиот развој на  Македонија“, самитот собра околу 400 учесници, повеќе од 250 компании, како и високи претставници од бизнис секторот, политиката и институциите од  Македонија, Германија и регионот.

По успешната премиера во 2025 година, самитот за кратко време се етаблираше како централна платформа за економски дијалог помеѓу Германија и Северна Македонија. Целта на овој Самитот е јасна: поврзување на компаниите, носителите на одлуки и институциите со цел развивање конкретни решенија за зголемување на конкурентноста на Северна Македонија како бизнис дестинација и натамошно унапредување на германско-македонските економски односи.

Во фокусот на овогодишната програма беше прашањето како Македонија може поефикасно да ја искористи технолошката трансформација за зголемување на продуктивноста, поттикнување на иновациите и зајакнување на својата позиција во европските синџири на добавувачи. Се дискутираше за индустриска автоматизација, дигитални синџири на снабдување, вештачка интелигенција, сајбер безбедност, современи работни процеси, како и квалификација на кадарот во услови на дигитална трансформација.

„Дигитализацијата, применетите технологии и вештачката интелигенција одамна не се теми на иднината, тие веќе денес одлучуваат за конкурентноста, продуктивноста и атрактивноста на една земја, колку таа како пазар ќе биде атрактивна за привлекување на нови инвестиции. Македонија има голем потенцијал, но неопходно е континуирано и посветено инвестирање во иновации, квалификација и дигитална инфраструктура“, истакна Антје Ванделт, директорка на АХК Македонија, дел од прежата на германските комори.

Германија и понатаму останува еден од најзначајните економски партнери на земјата. Германските компании со години се меѓу најважните инвеститори во Македонија и имаат значаен придонес во воведувањето современи производствени стандарди, нови технологии, дуалнен модел на образование по германски стандарди и иновативни менаџмент структури. Многу од овие компании денес се предводници во автоматизацијата, дигитализацијата и примената на вештачката интелигенција, давајќи силен поттик за развојот на целокупната локална економија.

Воедно, на Самитот беше потенцирано дека  Македонија не се потпира само на странски инвестиции и партнерства, туку сè повеќе развива и сопствени технолошки капацитети. Особено ИКТ секторот добива сè поголемо значење за економскиот развој на државата. Денес околу 22 проценти од вкупниот извоз на Македонија е од областа на информатичко-комуникациските технологии. Овој сектор е еден од најдинамичните во земјата и со години бележи континуиран раст на извозот и стабилен трговски суфицит. Во 2025 година, Северна Македонија увезе ИКТ услуги во вредност од 197 милиони евра, а извезе во висна од 438 милиони евра.

Овие показатели потврдуваат дека Македонија не е само атрактивна производствена дестинација, туку има потенцијал да се позиционира и како регионален центар за дигитални иновации, ИТ услуги и технолошки напредни бизнис модели.

Еден од најзначајните моменти на Самитот беше учеството на премиерот Христијан Мицкоски, кој ја нагласи важноста на технолошката модернизација за економската иднина на земјата:

„Македонија се позиционира како атрактивна дестинација за инвестиции и иновации. Тесната соработка со Германија претставува клучен елемент на нашиот економски развој. Ние се фокусираме на реформи, стабилност и современи технологии со цел обезбедување одржлив економски раст.“

Во контекст на глобалните неизвесности, растечките цени на енергијата, предизвиците во меѓународните синџири на снабдување и актуелната состојба во европската автомобилска индустрија, Самитот уште еднаш ја потенцираше важноста од блиска и доверлива соработка помеѓу политиката и бизнис секторот.

„Токму во економски предизвикувачки времиња се потребни силни партнерства. На компаниите им се потребни стабилни услови, прагматични решенија и отворен дијалог со носителите на политички одлуки. Токму за тоа сакаме како Германска комора да создадеме платформа и истовремено активно да ги поттикнуваме клучните теми за идниот развој“, изјави Ванделт.

Дополнителен акцент на настанот беше доделувањето на German–Macedonian Business Award 2026, признание за компании кои преку иновативност, дигитална трансформација и посветеност во развојот на квалификуван кадар поставуваат нови стандарди.
Со организацијата на вториот German–Macedonian Business Summit, АХК Северна Македонија уште еднаш ја потврди својата улога не само како двигател на билатералните економски односи, туку и како активен партнер во унапредувањето на конкурентноста и идниот развој на Северна Македонија.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Цела Европа го бара тренерот на Партизан, тој сака да остане во Белград
Следна Статија Мицкоски до младите: Дома треба да сонуваме и да ја градиме иднината, не во туѓи економии

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Премиерот Мицкоски од утре ќе присуствува на 62-та Минхенска безбедносна конференција

Од утре 13.02.2026 година (петок) претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски заедно со министерот за одбрана Владо Мисајловски,…

February 12, 2026
ЕКОНОМИЈА

Која земја во Европа има најниска минимална плата?

Минималната бруто месечна плата во Албанија изнесува 408 евра на крајот на јуни, според најновите ажурирани податоци од Европскиот статистички…

September 4, 2025
ЕКОНОМИЈА

Николоски: Македонското градежништво ќе расте, очекувам градежниот сектор во Македонија повторно да стане меѓународно конкурентен

Со Договорот за стратешко партнерство со Велика Британија ќе отвори можност за преку 70 проценти од домашните компании да учествуват…

May 18, 2025
ЕКОНОМИЈА

Германците ќе можат да работат и по пензионирањето за 2.000 евра месечно

Германската влада одобри нацрт-закон со кој се поттикнува работа по пензионирањето, што би им овозможило на оние пто ќе одлучат…

October 18, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?