Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Тошковски: Повикани се 14 лица за случајот со насилство врз ученичка во Ѓорче Петров
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Тошковски: Повикани се 14 лица за случајот со насилство врз ученичка во Ѓорче Петров
МАКЕДОНИЈА

Тошковски: Повикани се 14 лица за случајот со насилство врз ученичка во Ѓорче Петров

Објавено April 28, 2026 12:52
Сподели
Сподели

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски информира дека 14 лица се повикани на разговор во врска со случајот на врсничко насилство врз шестоодделенка во скопската населба Ѓорче Петров. Меѓу повиканите се и родителите на трите ученички кои се осомничени за малтретирање на нивната соученичка.

Тошковски посочи дека истрагата е во тек и дека за дел од повиканите може да следуваат соодветни процесни дејствија. Во случајот е вклучено и Јавното обвинителство, кое постапува по насока на надлежен јавен обвинител.

– Станува збор за малолетници, па јавноста ќе биде информирана внимателно и со ограничени детали – изјави министерот, нагласувајќи ја чувствителноста на случајот.

Тој потенцираше дека полицијата има континуиран фокус и на врсничкото насилство, иако во јавноста во последно време доминираат теми поврзани со семејно насилство.

Според него, решавањето на ваквите случаи бара координиран и системски пристап од сите релевантни институции – образовни, социјални и безбедносни. Особено ја истакна улогата на родителите во воспитувањето и однесувањето на децата.

– Потребно е сите општествени чинители да се вклучат во справувањето со овој проблем, кој е присутен, иако не секогаш е видлив во јавноста – рече Тошковски.

Тој додаде дека институциите мора заеднички да работат на едукација, превенција и јасно дефинирање на границата меѓу прифатливо и неприфатливо однесување кај младите.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Денеска завршни зборови на рочиштето за смртта на Ивана
Следна Статија Најголем дел од загинатите во „Пулс“ починале од задушување со јаглерод моноксид

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Петрова: „Пулс“ ја платила глобата за неправилности во готовинските плаќања, запечатен бил кафе-барот на истиот сопственик

Сопственикот на дискотеката „Пулс“ ја платил глобата што била изречена за констатирани неправилности при готовинските плаќања, поради што не била…

June 27, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Форумот во Будимпешта носи нови партнерства, Македонија меѓу водечките во Европа по инвестиции

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, денеска се обрати на бизнис форумот во Будимпешта, на тема „Ден на деловна соработка помеѓу…

March 30, 2026
МАКЕДОНИЈА

Кичево пред еколошка катастрофа: Дива депонија го загрозува животот на граѓаните

Кичево пред еколошка катастрофа,граѓаните се гушат во неподнослива реа која се шири од дивата депонија лоцирана сред град.Кичевчани тврдат дека…

April 13, 2025
МАКЕДОНИЈА

Милошоски: Главниот актер во “канцероген мазут”, помина само со домашен притвор, борбата за реформи во судството ќе биде тешка

Тоа што вчера СДСМ и ДУИ не гласаа за интерпелациите за Судскиот совет е доказ за тоа чии инсталации се…

March 12, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?