Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Трае штрајкот со глад во струшкиот затвор
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Трае штрајкот со глад во струшкиот затвор
МАКЕДОНИЈА

Трае штрајкот со глад во струшкиот затвор

Објавено May 10, 2025 17:53
Сподели
Сподели

Втор ден штрајк со глад на дел од затворениците во затворот во Струга. 13 затвореници започнаа со штрајк поради тоа што, како што велат, им биле прекинати договорите за работа надвор од просториите на затворот. Првично тие изјавија дека раководството на затворот ги информирало дека освен прекинот на шестмесечните договори за работа, им се укинува и правото на викенд. Сепак, по интересирот на ТВ21, тие појаснија дека директорот ја сменил изјавата и рекол дека е прекината само можноста за работа надвор од затворот. Затворениците истакнуваат дека ќе продолжат со штрајкот се додека не им се вратат договорите за работа, кои според нив, им се гарантирани со закон.

„Продолжуваме со штрајкот со глад. Засега сме добро и немаме здравствени проблеми. Денес не дојде ниту еден лекар да нè прегледа и немавме средба со директорот. Штрајкот ќе го продолжиме сè до остварување на нашите права што ни следуваат по закон“, вели еден од затворениците.

По започнувањето на штрајкот, затворот го посети зам.народниот правобранител, Лубер Руфати. По посетата, тој изјави дека се преземени сите неопходни мерки за да се обезбеди благосостојба на затворениците кои штрајкуваат.

„Разговаравме со медицинскиот тим за здравствената состојба на затворениците кои штрајкуваат, разговаравме со сите и ни беше предадена и потпишаната изјава за штрајкот на затворениците. Ја следиме ситуацијата одблиску и се преземаат потребните мерки“, рече Руфати.

Директорот на затворот во Струга, Ардит Мустафај, за ТВ21 изјави дека договорите за работа се прекинати затоа што затворениците не го почитувале работното време.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Екс претседателот Иванов стана Почесен доктор на науки на Универзитетот во Текирдаг
Следна Статија Во следните денови посвежо време со пороен дожд и грмежи

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Косовски почесен конзул му помогнал на Груби да помине на Блаце

Арсим Папранику е бизнисменот кој со своето возило и дипломатските таблички го превезол Артан Груби до Косово непосредно пред почетокот…

December 17, 2024
МАКЕДОНИЈА

Семејствата на жртвите во дискотеката „Пулс” ќе бидат повикани да се приклучат кон кривичниот прогон

Јавното обвинителство денеска соопшти дека јавните обвинители кои постапуваат во истрагата во врска со пожарот во кочанската дискотека „Пулс” почнуваат…

May 24, 2025
МАКЕДОНИЈА

Јанев: Со мојот тим создаваме услови секој полицаец да се чувствува почитуван и мотивиран

Задоволство и чест ми беше да бидам дел од денешниот марш организиран од СВР Струмица, кој се одржа на релација…

May 14, 2025
МАКЕДОНИЈА

Агелер: Немате поголем поддржувач и партнер од САД во остварување на вашите цели

Нема поголем поддржувач и партнер во остварување на вашите цели од САД и знам дека тоа беше повторено и на…

October 4, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?