Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Државната лабораторија неакредитирана – квалитетот на воздухот во најзагадениот град во Европа го следи само еден вработен
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Државната лабораторија неакредитирана – квалитетот на воздухот во најзагадениот град во Европа го следи само еден вработен
МАКЕДОНИЈА

Државната лабораторија неакредитирана – квалитетот на воздухот во најзагадениот град во Европа го следи само еден вработен

Објавено September 15, 2025 14:31
Сподели
Сподели

Централната лабораторија на Министерството за животна средина сѐ уште не е акредитирана за ниту една метода за следење на квалитетот на воздухот. Иако Скопје секоја година е високо на листите на најзагадените градови во светот, мерењата се доверуваат на приватни лаборатории со кои Министерството склучува договори. Тоа го покажува и последниот пример со пожарот во Трубарево, кој повторно го истакна проблемот што се провлекува повеќе години. За земање примероци за квалитетот на воздухот во Скопје деновиве е ангажирана Еуромак контрол, со која министерството во април потпиша договор на една година, oбјави агенцијата Мета.мк.

Причината што Централната лабораторија не може да се акредитира за метода за воздух е што нема доволно вработени кои ги побарува стандардот, велат во Министерството. Иако поседува квалитетен инструмент за мерење на емисии од стационарни извори, со него работи само еден вработен, а потребни се тројца.

„Централната Лабораторија во однос на воздухот врши само мерења на емисии на гасови од стационарни извори, оџаци за кои сѐ уште не сме акредитирани. Пред две години беше одвоен и буџет и два пати беше објавен конкурс за вработување на три лица, но беше примено само едно, бидејќи немаше пријавени стручни лица“, велат од Министерството.

Лаборатријата може да работи за потребите на Државниот инспекторат за животна средина, но инспекторите подолго време не бараат услуги од тука. Мерења можат да нарачуваат и фирми на кои им се потребни одредени резултати, кои не се од акредитирана установа. Токму поради тоа Лабораторијата не нарачува нови инструменти.

„Во однос на мерење на емисии од стационарни извори имаме доста квалитетен инструмент Хориба со кој ги вршиме мерењата, но немаме набавено нови. Во моментов не ни требаат инструменти, туку човечки ресурси“, велат од Министерството.

Повеќе на Мета.мк

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Пожарот во Трубарево е целосно изгаснат, значително подобрена и состојбата во Дрисла
Следна Статија Тошковски: Уништени над 4 тони и 18 илјади стебла марихуана и повеќе од 21 килограми друга дрога (ВИДЕО)

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Од недела снег и на пониските места

Продолжува периодот на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег, информира Управата за хидрометеоролошки…

January 30, 2026
БАЛКАНЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

Србите ќе патуваат без зелен картон во Македонија

Овој трошок за граѓаните на Србија, но и за државјаните на останатите членки на ЦЕФТА договорот, треба да се укине,…

September 26, 2024
МАКЕДОНИЈА

Костадиновски: Нападите врз Уставниот суд ги сметам за комплимент

Нападите од поликата и од некои државни органи кон Уставниот суд ги сметам за комплимент за неговата работа, изјави денеска…

July 14, 2026
МАКЕДОНИЈА

УХМР: Не очекува потопло и посушно лето

Летово се очекува да биде значително потопло и посушно од многугодишните просечни вредности. Во државата постои многу голема веројатност за…

June 3, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?