Повеќе објекти од витално значење, се оштетени во вчерашното невреме кое го зафати Скопје и околината.
На социјалните мрежи се појави фотографија на која се гледа оштетување на часовникот на Музејот на град Скопје, кој е потсетник на катастрофалниот земјотрес кој во 1963 година во погоди главниот град.
Оштетена е стрелката која ги означува минутите, 5 часот и 17 минути, моментот на земјотресот кога и часовникот запрел со работа.
Во вчерашното невреме, како што информираше МВР, оштетени се и објектите на Основното јавно обвинителство, комплексот „Вила Водно“, Аеродромската полициска база Петровец, објектот „Нова Македонија“, како и објектите на Министерството за финансии, Министерството за земјоделство и Јавното обвинителство.
Според пријавите од граѓани, евидентирани од Министерството оштетени се 117 возила, 35 покриви, паднати се 189 дрва, 7 семафори, пријавени се 5 пожари и 15 повредени лица.
