Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Тошковски: Уништени над 4 тони и 18 илјади стебла марихуана и повеќе од 21 килограми друга дрога (ВИДЕО)
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Тошковски: Уништени над 4 тони и 18 илјади стебла марихуана и повеќе од 21 килограми друга дрога (ВИДЕО)
ХРОНИКА

Тошковски: Уништени над 4 тони и 18 илјади стебла марихуана и повеќе од 21 килограми друга дрога (ВИДЕО)

Објавено September 15, 2025 13:44
Сподели
Сподели

Денеска во присуство на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и раководството на МВР, Агенцијата за управување со одземен имот, Државната комисија за уништување на наркотични дроги и Националната комисија за мало и лесно оружје, во електропечката на Макстил – Скопје со палење беа уништени голема количина на дрога и оружје.

МВР

-Денеска уништуваме над четири тони марихуана, осумнаесет илјади стебла на марихуана, над 79 килограми цвет од марихуана и над 21 килограми други видови дрога како амфетамини, хероин, кокаин и други видови дрога. Исто така уништуваме над стотина парчиња оружје и над 1000 парчиња чаури и други компоненти од оружје. Сакаме да упатиме јасна порака до сите дека дрогата и нелегалното оружје немаат иднина во Македонија. Со секој еден уништен грам дрога или парче оружје, безбедноста на граѓаните се крева на повисоко ниво и во иднина очекуваме уништување на уште поголеми количини, потенцираше министерот Тошковски.

МВР

Министерот Тошковски пренесе порака до граѓаните кои во изминатиот период беа сведоци на делувањето на криминалните банди како во Скопје така и други региони можеа да се уверaт дека со нивното разбивање и заплената на големи количини оружје и дрога полицијата решително ја спречува нелегалната трговија, а запленетите количества ефикасно и безбедно ќе бидат уништувани.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Државната лабораторија неакредитирана – квалитетот на воздухот во најзагадениот град во Европа го следи само еден вработен
Следна Статија Новата Универзална сала ќе има 1.200 седишта, нова просторна акустика и ќе биде енергетски ефикасна, планирано е изградбата да заврши до крајот на 2027 година

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Во несреќен случај загина 46-годишен камионџија од Желино

Вчера во 17.30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на локалниот пат од село Горњане кон село Блаце, камион…

April 23, 2025
ХРОНИКА

Кривична пријава против директор на јавно претпријатие во Делчево

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево, до Основното јавно обвинителство Делчево поднесе кривична пријава против С.С.(60) од Делчево поради постоење…

April 23, 2025
ХРОНИКА

„Состојбата е стабилна, но опасна по живот“ – вели Мерџаноски за ученикот кој беше прободен во училиште воЧенто

Директорот на Итна помош во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопјe, Игор Мерџаноски, изнесе детали за здравствената состојба на ученикот…

May 12, 2026
ХРОНИКА

Бектеши доби нови 30 дена притвор: Постоела опасност од бегство и влијание на сведоци

Продолжен е притворот на поранешниот министер за економија Крешник Бектеши, потврди за Република неговиот адвокат Еленко Миланов. Тој објасни дека му е одреден…

April 17, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?