Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Трамп му постави ултиматум на Хамас: „Имате рок до недела во 18 часот или ќе се спушти пекол каков што никој не видел до сега“
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Трамп му постави ултиматум на Хамас: „Имате рок до недела во 18 часот или ќе се спушти пекол каков што никој не видел до сега“
СВЕТ

Трамп му постави ултиматум на Хамас: „Имате рок до недела во 18 часот или ќе се спушти пекол каков што никој не видел до сега“

Објавено October 3, 2025 17:37
Сподели
Сподели

Претседателот на САД, Доналд Трамп, во објава на неговата социјална мрежа Truth Social, остро го критикуваше Хамас и се потсети на масакрот од 7 октомври. Трамп тврдеше дека повеќе од 25.000 членови на Хамас се убиени, а останатите ги опиша како „опкружени и под воена опсада“. Тој изјави дека Палестинците треба да ги напуштат опасните области на Газа и му постави ултиматум на Хамас да се согласи на договор до 18:00 часот по вашингтонско време во недела, велејќи им на членовите на Хамас дека ова е нивната „последна шанса“.

„Хамас со години е немилосрдна и насилна закана на Блискиот Исток! Тие убиваат (и го прават животот неподнослив), што кулминира со масакрот на 7 октомври во Израел – бебиња, жени, деца, стари лица и многу млади мажи и жени, момчиња и девојчиња кои се подготвуваа да го прослават својот иден живот заедно. Како одмазда за нападот врз цивилизацијата на 7 октомври, над 25.000 „војници“ на Хамас веќе се убиени. Повеќето од останатите се воено опкружени, само чекајќи да дадам збор „Оди“ за брзо да им ги завршат животите.

Што се однесува до вас останатите, знаеме каде сте и кои сте, и ќе бидете прогонувани и убиени. Ги молам сите невини Палестинци веднаш да ја напуштат оваа област на потенцијално крвопролевање и да се преселат во побезбедните делови на Газа. Сите ќе бидат добро згрижени од оние кои се подготвени да помогнат. За среќа на Хамас, сепак, ќе им се даде последна шанса! Големите, моќни и многу богати држави на Блискиот Исток и околните области, заедно со Соединетите Американски Држави се имаат договорено во согласност со Израел – за Мир по 3000 години на Блискиот Исток.

Овој договор ги спасува исто така животите на сите преостанати борци на Хамас. Деталите од документот се познати на светот и тоа е одличен договор за секого! Ќе имаме Мир на Блискиот Исток, на еден или друг начин. Насилството и крвопролевањето ќе престанат. Ослободете ги сите заложници вклучително и телата на мртвите сега! Мора да се постигне договор со Хамас до недела во осумнаесет по време во Вашингтон.

Секоја земја се приклучи (на договорот, ур.)! Ако не се постигне овој договор последна шанса, врз Хамас ќе се спушти пеколот каков што никој досега не го видел. Ќе има мир на Блискиот Исток на еден или друг начин“, објави Трамп

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Андоновски: Работиме на воведување „роаминг како дома“ со Европската Унија
Следна Статија Ѓорѓиевски: Сообраќајниот хаос во Чаир ќе го решаваме со проширување на булеварот и монтажно паркиралиште

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Во катастрофалните пожари изгорела и куќата на Хантер, синот на претседателот Џо Бајден

Домот на Хантер Бајден, синот на претседателот на САД, Џо Бајден, бил уништен во катастрофалните пожари во Лос Анџелес, соопшти…

January 9, 2025
СВЕТ

Одлуката на Бајден за ракетите кон Русија, предизвика бес во тимот на Трамп

Зеленото светло на американскиот претседател Џо Бајден за украинските напади со проектили со долг дострел од САД, против цели во…

November 19, 2024
СВЕТ

Протести низ Грузија откако владата ја замрзна кандидатурата за ЕУ до крајот на 2028

Грузиската полиција синоќа употреби водени топови против демонстрантите кои протестираат против владината одлука да го одложи барањето за пристапување во…

November 29, 2024
СВЕТ

Предизвици и иновации во развојот на вештачката интелигенција: Случајот на xAI

Внатрешен поглед во развојот на чет-ботот Grok од страна на Илон Маск

February 16, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?