Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Ѓорѓиевски: Сообраќајниот хаос во Чаир ќе го решаваме со проширување на булеварот и монтажно паркиралиште
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Ѓорѓиевски: Сообраќајниот хаос во Чаир ќе го решаваме со проширување на булеварот и монтажно паркиралиште
ПОЛИТИКА

Ѓорѓиевски: Сообраќајниот хаос во Чаир ќе го решаваме со проширување на булеварот и монтажно паркиралиште

Објавено October 3, 2025 17:40
Сподели
Сподели

Денес во Чаир, кандидатот за градоначалник на Град Скопје и актуелен прв човек на Општина Кисела Вода од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, ги претстави проектите што, како што рече, ќе донесат суштински промени во секојдневието на граѓаните.

Најзначаен е проектот за изградба на булеварот „Цветан Димов“, кој по години одлагања конечно ќе започне да се реализира. Ѓорѓиевски потенцира дека оваа сообраќајница претставува главна артерија што ги поврзува Чаир и центарот на градот, а дневно ја користат околу 100.000 возила од општините Чаир, Бутел и Шуто Оризари.

–  Со новиот булевар кој ќе има шест коловозни ленти, велосипедски патеки, тротоари, зеленило и современо осветлување ќе го решиме хроничниот хаос, но уште поважно – ќе ја зголемиме безбедноста на сите учесници во сообраќајот, изјави Ѓорѓиевски.

Тој потсети дека проектот е дел од стратегијата „Визија: Нула несреќи“, преку која до 2030 година треба да се редизајнираат 50 критични улици и крстосници во Скопје.

Покрај булеварот, започнува и изградбата на монтажна катна гаража кај ТЦ „Чаирчанка“, со цел решавање на долгогодишниот проблем со паркирањето. „Со новиот монтажен систем ќе добиеме брзо и функционално решение, со зголемен капацитет и уредено паркирање, што ќе ја растовари околината и ќе го подобри квалитетот на животот во овој густо населен дел од Чаир,“ додаде Ѓорѓиевски.

–  Визијата за Скопје е еднакво развиен град, во кој секоја општина добива инфраструктура достојна за современо живеење. Само со рамномерен регионален развој Скопје може да понуди подеднакво квалитетни услови за сите, порача кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Трамп му постави ултиматум на Хамас: „Имате рок до недела во 18 часот или ќе се спушти пекол каков што никој не видел до сега“
Следна Статија До 15 октомври сите дефекти на мрежата за централно греење ќе бидат остранети, објави Владата

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Ахмети тврди дека премиери и академици му нуделе да ја поделат Македонија

По повод 24-годишнина на Охридскиот договор лидерот на ДУИ Али Ахмети се обрати до „сограѓаните Македонци, на македонски јазик“, преку…

August 12, 2025
ПОЛИТИКА

Филипче од Гевгелија: Државата не е пи-ар агенција на Мицкоски, на народот му е потребна вистинска помош

Ниту сме шести во Европа по раст на платите, ниту скандинавски живееме, годишната инфлација не паѓа, таа е 4%, народот…

October 8, 2025
ПОЛИТИКА

Фрчковски го обвини Пендаровски дека сака да го сруши Филипче

Професорот Љубомир Фрчковски го обвини Стево Пендаровски, поранешен шеф на државата, дека „мешетари внатре во СДСМ“. Фрчкоски ова го кажа…

November 10, 2025
ПОЛИТИКА

Вреди тврди дека Ахмети купил зграда од пет ката во центарот на Тетово

Јавноста доби информација преку истражувањето на БИРН дека од ДУИ значително го зголемиле партискиот имот од 2022 година. Али Ахмети…

April 5, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?