Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Три вработени во ЈСП Скопје обвинети за проневера од 23 милиони денари
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Три вработени во ЈСП Скопје обвинети за проневера од 23 милиони денари
МАКЕДОНИЈА

Три вработени во ЈСП Скопје обвинети за проневера од 23 милиони денари

Објавено October 21, 2024 16:20
Сподели
Сподели

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинителен акт против три вработени во Јавното сообраќајно претпријатие Скопје за проневера во службата. Според обвинението, трите соизвршителки присвоиле пари доверени во службата во износ од  23.133.245 денари со намера да прибават противправна имотна корист.

Како што соопштуваат од обвинителството, трите соизвршителки, во временскиот период од 01.12.2018 година до 05.08.2021 година, со умисла извршиле повеќе временски поврзани дејствија што претставуваат повеќекратно остварување на исто дело, искористувајќи ист траен однос и исти прилики.

– Тие заеднички, како одговорни лица вработени во Јавното сообраќајно претпријатие – Скопје, со намера да прибават за себе противправна имотна корист, присвоиле пари доверени во службата во вкупен износ од 23.133.245 денари, што претставува значителна имотна корист, стои во соопштението од обвинителството.

Дополнуваат дека две од обвинетите, продавачки на билети на продажните места – билетарници „Зелен пазар“ и ГТЦ уплаќале помалку парични средства наплатени во готово, додека, третата обвинета, самостоен референт-сметководител во Одделение за сметководство-Сектор за финансиско работење  во ЈСП, иако знаела дека паричните средства не се уплатени и раздолжени, сметководствено вршела докнижувања, прекнижувања, исправки и други книговодствени дејствија без документација, за да може сметководствено да ги оправда и покрие неуплатените готови пари од дневниот пазар.

Јавниот обвинител, со поднесување на обвинителниот акт, предложил и определување мерки на претпазливост – забрана за напуштање на живеалиштето, односно престојувалиштето, обврска на обвинетите да се јавуваат повремено на определено службено лице или кај надлежен државен орган, привремено одземање на патна или друга исправа за преминување на државната граница односно забрана за нејзино издавање.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Муцунски: Наша цел е државата да биде кредибилна земја членка на НАТО, посветена на евроинтеграцијата
Следна Статија Сообраќајка на патот Кичево- Гостивар, сообраќајот е во целосен прекин

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Попладнево ќе возат само 25 автобуси на ЈСП кои се на гас, другите немаат нафта

Вработени во ЈСП Скопје соопштуваат дека од попладнево, јавниот превоз во Скопје ќе биде прекинат поради недостаток на нафта. Проблемот…

November 20, 2024
МАКЕДОНИЈА

Видео: Точно на полноќ, стотици огномети го осветлија Скопје

Точно на полноќ, кога официјално пристигна новата година во Македонија, стотици огномети го осветлија Скопје. Ова видео е направено од…

January 1, 2025
МАКЕДОНИЈА

Почна увидот во опожарената зграда во Чаир

Основното јавно обвинителство Скопје и полициски екипи започнаа увид во зградата на улицата „Прохор Пчињски“ во Чаир, каде на 2…

October 11, 2024
МАКЕДОНИЈА

Над 14 500 кандидати денеска полагаат матура

Повеќе од 14 500 матуранти се пријавени за полагање на матурата и денеска ќе го имаат првиот екстерен испит, кој…

June 6, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?