Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Сиљановска Давкова на средба со Алијев во Баку
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Сиљановска Давкова на средба со Алијев во Баку
МАКЕДОНИЈА

Сиљановска Давкова на средба со Алијев во Баку

Објавено March 11, 2025 09:12
Сподели
Сподели

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова која е во официјална посета на Азербејџан претпладнево беше пречекана со највисоки државни и воени почести од нејзиниот домаќин Илхам Алијев во претседателската резиденција „Зугулба“ во Баку.

Во тек е тет-а-тет средба на Сиљановска Давкова и Алијев по што следува следува пленарен состанок на двете делегации.
Во состав на македонската делегација е и минисетрот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски.

Претседателката попладне ќе одржи предавање пред академската заедница и студентите на Универзитетот АДА во Баку.
Според агендата, Сиљановска-Давкова утре ќе има средби со претседателката на Националното собрание, Сахиба Гафарова и со премиерот Али Асадов, а задутре ќе учествува на 12. Глобален форум во Баку, насловен „Преиспитување на светскиот поредок: Претворање на предизвиците во можности“, што се одржува во организација на Меѓународниот центар „Низами Ганџави“.

Претседателката ќе се обрати на свеченото отворање на форумот, а ќе има и обраќање на тема „Пактот за иднината на Обединетите нации: градење на нов глобален консензус“.

Според најавите, на форумот е предвидено присуство на околу 400 учесници – актуелни и поранешни шефови на држави и влади, претставници на меѓународни организации и на граѓанското општество.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Црногорската војска го спаси Ивица Костелиќ од морето кај Улцињ
Следна Статија Денвер се одмазди, Јокиќ го возврати ударот со брутално издание против Шеј (ВИДЕО)

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

(ВИДЕО) Избувна пожар кај Желино

Пожар попладнево избувна во тетовско Желино, соопшти директорот на дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов. Тоа е прв активен…

August 3, 2025
МАКЕДОНИЈА

Македонската естрада се простува од Владо Јаневски, еден од најголемите македонски музичари

Веста за смртта на Владо Јаневски ја потресе македонската јавност. Еден од најголемите музички автори и пејачи во земјава зад…

June 29, 2026
МАКЕДОНИЈА

Македонски професор по географија избран за академик во Британија

Професорот Стефан Бужаровски од Универзитетот во Манчестер, по потекло од Македонија, е избран за член на Академијата за општествени науки…

April 13, 2025
МАКЕДОНИЈА

Со највисоки државни и воени почести ја пречекана претседателката на Индија, Друпади Мурму

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска со највисоки државни и воени почести ја пречека претседателката на Република Индија, Друпади Мурму, која престојува…

July 21, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?