Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски за предлогот на Мерц: Љубопитни сме да дознаеме каква е идејата
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Мицкоски за предлогот на Мерц: Љубопитни сме да дознаеме каква е идејата
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски за предлогот на Мерц: Љубопитни сме да дознаеме каква е идејата

Објавено May 29, 2026 15:05
Сподели
Сподели

За нон-пејперот на германскиот канцелар Фридрих Мерц за нова динамика во проширувањето на ЕУ и постепена интеграција на Западен Балкан и Молдавија и Украина, премиерот Христијан Мицкоски вели дека тие размислувања и идеи ги слуша подолго време. Премиерот истакна дека не може да зборува повеќе доколку тоа не стане официјално. Според Мицкоски, ваквите најави на Мерц потекнуваат уште од Берлинскиот процес лани во Лондон.

-Љубопитни сме да дознаеме повеќе каква е идејата. Претпоставувам тоа ќе се случи престојниот Самит во Тиват од 4 до 5-ти јуни. Со нетрпение очекувам да ги видам овие концепти и идеи, кажа Мицкоски денеска од отворањето на трговскиот центар „Mega shopping Park“ во Гевгелија.

За најавената посета на претседателот на Европскиот совет, Антионио Кошта, премиерот рече дека досега имаат пријателски разговори и секогаш бил конструктивен за да се изнајде „решение за вештачкото и билатерално барање на една земја-членка кон Македонија“.

-Сигурен сум дека за неговото присуство тука, ќе размениме повеќе идеи како може да се надмине прашањето. Би било некултурно да се очекува да се промени ставот преку ноќ бидејќи не се исполнети предусловите кои ги очекуваме и заслужуваме, рече Мицкоски.

Инаку, во писмото до лидерите на Европската Унија, германскиот канцелар предлага Украина да добие модел на „асоцијативно членство“ како преодна фаза кон полноправно членство. Тој модел би овозможил учество на украинските претставници во работата на институциите на ЕУ без право на глас, како и постепена примена на европското законодавство.

Во однос на Западен Балкан и Молдавија, Мерц предлага забрзана и постепена интеграција преку привилегиран пристап до внатрешниот пазар на ЕУ и поблиско вклучување во европските институции.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Елвир Мекиќ и Јован Јованов го најавија големиот концерт во „Борис Трајковски“
Следна Статија Песков: Европа не може да биде посредник во конфликтот во Украина

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Трајчулески до Мицкоски: Дали се разводнува истрагата за Кочани за да се заштитат актуелни функционери?

Пратеникот на СДСМ, Митко Трајчулески, на денешната собраниска седница посветена на пратенички прашања, упати прашање до премиерот Христијан Мицкоски, кое…

April 24, 2025
МАКЕДОНИЈА

МВР: Нема недостиг на обрасци за возачки дозволи, обезбедени резерви за три години

Министерството за внатрешни работи најостро ги демантира дезинформациите објавени на социјалните мрежи за наводен недостиг на обрасци за возачки дозволи.…

April 16, 2026
МАКЕДОНИЈА

Николоски: Антидемократски структури се уште се борат против демократска Македонија

Антидемократски структури се уште се борат против демократска Македонија, се уште сакаат да владеат со Македонија. Ова е четврти пат…

September 2, 2025
МАКЕДОНИЈА

Активни седум пожари, четири се под контрола, а пет се изгаснати

До 18:00 часот на територија на цела држава регистрирани се вкупно 16 пожари на отворен простор, од кои седум се…

July 21, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?