Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Постхумно одликуван д-р Анастас Коцарев: Се залагал за македонската кауза и соработувал со Марија Кири
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Постхумно одликуван д-р Анастас Коцарев: Се залагал за македонската кауза и соработувал со Марија Кири
МАКЕДОНИЈА

Постхумно одликуван д-р Анастас Коцарев: Се залагал за македонската кауза и соработувал со Марија Кири

Објавено April 15, 2026 14:35
Сподели
Сподели

На свечена церемонија во Скопје, претседателката Гордана Сиљановска – Давкова постхумно го одликува д-р Анастас Коцарев со Орденот „Илинден 1903“ за неговиот исклучителен придонес во медицината и борбата за независна Македонија.

Коцарев, роден во Охрид во 1890 година, бил еден од пионерите на радиотерапијата и радиографијата, соработувал со нобеловката Марија Кири и истовремено активно се залагал за македонската кауза преку студентските и политичките друштва во Швајцарија и Франција.

Претседателката Сиљановска Давкова истакна дека признанието е повеќе потребно на државата отколку на самиот Коцарев.

– Впрочем, нам ни е повеќе потребна наградата одошто нему, оти медицинскиот великан и луцидниот општественик кој бил далеку пред времето, ја легитимира малата држава како татковина на научникот од светски глас, со којшто се гордееме, кого го почитуваме и наградуваме – рече таа.

Додаде дека неговата личност е симбол на спојот меѓу науката и патриотизмот.

-Коцарев е синоним за синергија меѓу прекрасниот ум, продорната мисла и храброто дејствување. Тој не е само македонски, туку и француски, швајцарски и светски научник. Со оваа постхумна награда и со обележјето на куќата во која што е роден ќе го вратиме Анастас Коцарев дома. А Охрид ќе добие уште еден великан – дополни претседателката.

Од името на семејството и Здружението на заборавени Македонци, Соња Коцарева Трпезановска нагласи дека признанието е чин на враќање на Коцарев во македонскиот Пантеон на вечноста.

-Денес овде кога душата ни е преполна со радост и гордост што присуствуваме на овој настан со кој после долги години се оддава највисока почест на еден светски признат научник и голем патриот, ние потомците на д-р Анастас Коцарев одлучивме овој орден да го отстапиме на музејот во Охрид заедно со неговата слика со оригиналниот потпис. Иако долги години работеше во Швајцарија и Франција, неговата најголема желба беше да се врати во Охрид. Се надевам понатака државата ќе направи напори за негово конечно враќање во Македонија во неговиот сакан Охрид, каде секоја година достоинствено ќе чествуваме – посочи таа.

Орденот „Илинден – 1903 година“ е едно од високите државни одличја на Република Македонија, кое го доделува претседателот на државата. Востановен е во чест на Илинденското востание од 1903 година и се доделува за исклучителни заслуги во борбата за национално и социјално ослободување, за придонес во изградбата на државноста, суверенитетот и независноста, како и за јакнење на општествениот и државно‑правниот развој. Орденот може да се додели и постхумно.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Ахмети: Без Албанците на Македонија деновите ѝ се избројани
Следна Статија Мицкоски: Имам чувство дека набргу ќе се гонат високи функционери од претходната влада на СДСМ

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Извештајот на Вајц утре пред европратениците, Македонија очекува силна порака за македонскиот идентитет и јазик

Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент утре треба да гласа за Извештајот за напредокот на Македонија на известувачот за…

June 23, 2025
МАКЕДОНИЈА

Бројни поплаки: Граѓани рано утрово останаа без електрична енергија

Утрово после 5 часот бројни граѓани реагираа на социјалните медиуми и до медиумите дека речиси два часа останале без електрична…

May 18, 2025
МАКЕДОНИЈА

Криминалното однесување ќе се санкционира, па и да се најблиските околу мене, порача премиерот

Криминалното однесување ќе се санкционира, па дури и да се најблиските околу мене, порача денеска претседателот на Владата на Република…

April 2, 2025
МАКЕДОНИЈА

Oвие млекари мамеле со декларациите на своите производи

Се разоткрива големата измама која ја објавиАгенцијата за храна и ветеринарство за квалитетот на млечните производи на млекарите кои ги…

June 1, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?