Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Во Македонија се живее пет години помалку отколку во ЕУ, жените подолговечни од мажите
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Во Македонија се живее пет години помалку отколку во ЕУ, жените подолговечни од мажите
МАКЕДОНИЈА

Во Македонија се живее пет години помалку отколку во ЕУ, жените подолговечни од мажите

Објавено March 20, 2026 14:21
Сподели
Сподели

Очекуваниот животен век при раѓање во Европската Унија изнесува 81,5 години, додека во Македонија 76,6 години. Оваа бројка се разликува од регион до регион, па така највисок очекува животен век има шпанскиот регион Комунидад де Мадрид, со 85,7 години, додека најмал има во Северозападен регион во Бугарија со 73,9 години.

Жените на ниво на ЕУ се очекува да живеат 5,2 години подолго од мажите, додека во Македонија 4,4 години. Овој јаз значително варираш меѓу земјите од ЕУ, па така во Латвија, се очекува жените да живеат 9,8 години подолго од мажите, додека најмал родов јаз има во Холандија – 2,8 години.

Според поатоците на Еуростат, во 2024 година, очекуваниот животен век при раѓање во ЕУ е 81,5 години, што укажува на зголемување од 0,1 година во однос на 2023 година. Очекуваниот животен век се намали во 2020 година (80,4 години) и 2021 година (80,1 години) поради пандемијата COVID-19, но оттогаш се опоравува и достигна вредности повисоки отколку во 2019 година (81,3 години).

За жените, очекуваниот животен век при раѓање во ЕУ бил 84,1 години во 2024 година, додека за мажите бил 78,9 години.

На регионално ниво, четири региони имаат очекуван животен век од 85 години или повеќе: шпанскиот регион Комунидад де Мадрид, со 85,7 години, и италијанските региони Провинција Автонома ди Тренто и Провинција Автонома ди Болцано/Бозен и регионот на шведската престолнина Стокхолм, сите со 85,0 години.

Спротивно, меѓу 5-те региони на ЕУ со најнизок очекуван животен век при раѓање, 3 беа во Бугарија: Северозападен (73,9 години), Северен централен (74,9 години) и Североизточен (75,4 години). Другите 2 беа Мајоте во Франција (74,5 години) и Ешак-Маѓароржаг во Унгарија (75,1 години).

Во 2024 година, очекуваниот животен век при раѓање за жените во ЕУ достигна 84,1 години (зголемување за 0,1 година во споредба со 2023 година), додека за мажите беше 78,9 години (+0,2 години). Ова укажува дека се очекува жените да живеат 5,2 години подолго од мажите.

Овој јаз значително варираш меѓу земјите од ЕУ. Во Латвија, се очекува жените да живеат 9,8 години подолго од мажите, по што следуваат Литванија (8,6 години) и Естонија (8,4 години). Најмали родови јазови има во Холандија (2,8 години), Шведска (3,1 година) и Ирска (3,4 години).

фото: МИА

Еуростат нема податоци за проценка на животниот век на населението во Македонија за 2024 година, додека според податоците од Статистичкиот годишник за 2025 година на Државниот завод за статистика, очекуваниот животен век за периодот 2022-2024 е 76,63 години, со тоа што животниот век на жените е 78,86 години, а на мажите за 4,4 години помал 74,48 години.

Очекуваната должина на животот при раѓање бележи раст од 1,3 години, споредено со периодот 2021-2023 година кога изнесувал 75,32 години и 2,2 години споредено со периодот 2020-2022 година.

Во 2021 е заблежан пад на очекуваниот животен век во земјава за три години и пет месеци во спроредба со 2018 кога изнесувал 76,7 години.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Манасиевски: Српска ПР агенција ги штанца лажните соопштенија и прес-конференции на СДС, Башановиќ и Заев стојат зад завесите
Следна Статија СДСМ го потсетува новиот државен јавен обвинител да постапи за откриените бизнис шеми на Мицкоски во енергетиката

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Тошковски: Не е украдена камера на „Безбеден град“ во Сарај, тоа се лажни вести

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, денеска ги демантираше информациите кои се проширија на социјалните мрежи дека е украдена камера…

January 5, 2026
МАКЕДОНИЈА

МВР го зголеми надоместокот за престој на странци од три на 100 евра

МВР за речиси 3.200 проценти го зголеми надоместокот на образец за постојан престој на странец за кого е задолжително пополнување…

April 29, 2025
МАКЕДОНИЈА

Собир во вторник на плоштад за загинатите во Кочани

Движењето „Кој е следен“ најави собир на плоштадот во Скопје, а по изминувањето на шестте месеци од трагедијата во Кочани…

September 14, 2025
МАКЕДОНИЈА

Филипче: Пораките на Делчев се потсетник дека Македонија мора да да се движи кон напредок, а не кон изолација

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, испрати порака со оддавање почит кон делото на македонскиот револуционер и…

February 4, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?