Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Унгарија, Србија, Македонија и Грција на 23 ноември потпишуваат заедничка изјава за изградба на брза пруга, најави Весиќ
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Унгарија, Србија, Македонија и Грција на 23 ноември потпишуваат заедничка изјава за изградба на брза пруга, најави Весиќ
МАКЕДОНИЈА

Унгарија, Србија, Македонија и Грција на 23 ноември потпишуваат заедничка изјава за изградба на брза пруга, најави Весиќ

Објавено October 30, 2024 16:00
Сподели
Сподели

Министерот за градежништво, транспорт и инфраструктура Горан Весиќ најави дека брзата пруга на делницата Нови Сад – Суботица ќе биде пуштена во сообраќај на 24 ноември, а ден претходно Унгарија, Србија, Македонија и Грција ќе потпишат заеднички изјава за изградба на брза пруга од Будимпешта до Атина (Патра) преку Скопје, јави дописникот на МИА од Белград.

Брзата пруга низ Србија, како дел од идната брза пруга од Унгарија до Грција, се наоѓа на европската железничка мрежа. Како што најави претседателот на Србија, Александар Вучиќ, ден пред да се пушти во сообраќај новата делница од Нови Сад до Суботица, Унгарија, Србија, Македонија и Грција ќе потпишат заедничка декларација за изградба на брза пруга од Будимпешта до Атина, односно Пиреја и Патра – изјави Весиќ за ТВ Пинк.

Тој кажа дека се очекува до крајот на 2025 година унгарските партнери да го завршат својот дел од пругата, од српската граница до Будимпешта, долга 166 километри со што брзата железничка врска од Белград до Будимпешта ќе трае два часа и 45 минути.

Во согласност со договорот за изградба на брзата пруга Белград – Ниш, долга 230 километри, Владата на Србија донесе уредба за план за посебна намена, со кој практично се овозможува работите да започнат следната 2025 година.

Весиќ посочи дека за време на работите нема да има затворање на сообраќајот, бидејќи Србија не смее да го загуби товарниот сообраќај и кажа дека до февруари ќе заврши реконструкцијата на пругата Ниш – Брестовац, долга 23 километри.

Тогаш ни преостанува уште 135 километри пруга од Брестовац до Прешево. Се договоривме со Владата на  Македонија заеднички да побараме финансирање и да работиме на нашите 135 километри и нивните 50 километри до Скопје. Грците веќе проектираат пруга од Солун до Идомени, на грчко-македонската граница и ја обновуваат пругата Солун-Атина. Останува да се реши поврзувањето од Скопје до Идомени, а кога ќе се заврши ќе имаме над 1.638 километри пруга од Будимпешта до Патра. Тоа ќе биде столбот на транспортот на Западен Балкан – објасни министерот Весиќ.

Тој додаде дека Србија е заинтересирана за изградба на дел од пругата од Ниш до бугарската граница. Тој рече дека пругата од Истанбул до бугарската граница се гради во Турција со поддршка на ЕУ и дека веќе е изградена пругата од границата до Софија и дека делот од Софија до Драгоман, на границата со Србија, останува да се уреди.

Ако го прашате претседателот Вучиќ како и мене како надлежен министер – железницата е приоритет. Ако ја прашате Европската комисија, ќе го добиете истиот одговор, бидејќи ЕУ одлучи да го удвои бројот на обновени колосеци до 2030 година. Донесена е и нова регулатива за трансевропски коридори со која за првпат се изедначија земјите членки и оние кои се уште не се, во однос на пристапот до средства. А ЕУ издвојува 500 милијарди евра за европските коридори, од кои дури 80 отсто ќе одат за железницата – рече Весиќ.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Андоновски: Секој граѓанин заслужува да има увид во тоа како се трошат јавните средства
Следна Статија Мицкоски: Следната година очекувам 3,7 проценти да биде просечниот раст

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Досега евакуирани 380 македонски државјани од Блискиот Исток

Министерството за надворешни работи  информира дека досега се реализирани четири организирани летови за евакуација на граѓани од регионот на Блискиот…

March 12, 2026
МАКЕДОНИЈА

Доделени над 2.400 стипендии за социјална поддршка и дуално образование

Министерството за образование и наука (МОН) ги објави резултатите од двата конкурса за стипендирање средношколци за учебната 2025/2026 година: 900 стипендии за…

December 3, 2025
МАКЕДОНИЈА

Томовски: Досега околу 700 службени возила обележани, да се почитува дадениот рок

Заклучно со вчера, до 16 часот, имаме околу 700 возила кои веќе се брендирани, обележани. Очекувам до последниот рок, 29…

September 20, 2025
МАКЕДОНИЈА

Градоначникот на Дубровник се вклучи на Отчетот на ВМРО-ДПМНЕ: Ја претстави алатката Око за Дубровник

На денешниот настан Отчет-Саем, четири години работа за тебе на панелот посветен на меѓународна соработка се вклучи и градоначалникот на…

August 24, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?