Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Перински: Идните градоначалници ќе може да бидат отповикани на референдум
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Перински: Идните градоначалници ќе може да бидат отповикани на референдум
МАКЕДОНИЈА

Перински: Идните градоначалници ќе може да бидат отповикани на референдум

Објавено February 17, 2025 12:33
Сподели
Сподели

Министерот за локална самоуправа Златко Перински очекува до летово да заврши целата постапка за измена на Законот за локална самоуправа и новите кандидати за градоначалници во ноември годинава да бидат избрани по новото законско решение со кое ќе биде предвидена можноста за референдумско отповикување на градоначалник, воведувањето на комунален надзор и поголемо учество на граѓанскиот сектор во носењето одлуки на локално ниво.

Нагласи дека очекува со процесот на подготовка на предлог измените да завршат околу 30 март и веднаш потоа да се усвојат на владина седница и да влезат во собраниска процедура. Потенцира дека измените не можат да важат ретроградно, што значи дека не може да биде отповикан ниту еден од актуелните градоначалници и додаде дека не може да се менуваат закони согласно персоналните решенија. Со измените, додаде, само сакаме да ја подобриме ситуацијата и состојбата на локално ниво и сите чинители кои се засегнати да имаат поквалитетно и поиздржано законско решение.

-Новиот закон кој ќе го донесеме ќе ги опфати новите градоначалници кои ќе ги добијат своите мандати после ноември. Убеден сум дека веќе сме спремни да прејдеме во следната фаза, а тоа е креирање на предлог измените за Законот за локална самоуправа и да ги доставиме до Собранието на дополнителни консултации со сите парламентарни политички партии за да влеземе во фазата на усвојување на предлог измените. Уверен сум дека преку ваквиот отворен, транспарентен и инклузивен начин ќе дојдеме до многу подобро решение од ова кое што го имаме во моментов, изјави Перински пред почетокот на последната од четирите предвидени консултативни средби за измена на Законот за локална самоуправа што денеска се одржа во Скопје. Претходно вакви средби имаше во Битола, Штип и Гостивар.

Тој истакна дека денеска на темата ќе се разговара со градоначалниците од Скопскиот и Северно-источниот плански регион и сите невладини организации кои ценат дека треба да бидат присутни на средбата.

-Станува збор за системско решение за кое беше неопходно да имаме широка јавна дебата за да ги чуеме мислењата од сите чинители и тоа и го направивме. Иако некои сметаа дека се премногу четири јавни дебати инсистиравме да има барем четири за да можеме да ги слушнеме и опфатиме сите страни, посочи Перински.

Александар Спасеноски, професорот од Правниот факултет во Скопје кој е експерт на ова поле, истакна дека во изминатиот период од неколку месеци се реализираат неколку фази со цел да се донесе најдобро и најсоодветно законско решение за изменување и дополнување на Законот за локална самоуправа.

-Законот за локална самоуправа претставува важен системски закон кој го положи тестот на времето, но како резултат на неговата долготрајна примена се јави потреба од определени измени и дополнувања. Главните измени и дополнувања се во насока на корекција на определени одредби кои се дел од актуелното законско решение за кои се покажало дека со текот на времето јавиле одредени аномалии и слабости. Наша цел е нив да ги детектираме во соработка со министерот, со Министерството, со градоначалниците и со другите важни чинители во оваа област и да предвидиме определени норми кои не се дел од ова законско решение, а се покажало дека се потребни. Таква норма, меѓу другото, е и идејата на отповик на градоначалник во согласност со највисоките европски стандарди, рече Спасеноски.

Се обидуваме, посочи, да ги детектираме и идејата за комунална полиција или други поситни одредби во консултација со градоначалниците со цел да излеземе со законско решение кое ќе биде прифатено од најголем дел од политичките партии.

-Законот за локална самоуправа произлегува од Рамковниот договор и затоа целта на УНДП, Министерството и на нас како експерти е да вообличиме законско решение кое ќе биде прифатено од страна на најголемиот дел од партиите во Собранието. Кога станува збор за комунална полиција во оваа законско решение само воведуваме правна можност за нејзино воведување кое ќе биде регулирано со друго законско решение. Сега ние создаваме база за во иднина законски да се регулира оваа материја, појасни Спасеноски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Косово ли е, Шапка ли е? (ВИДЕО)
Следна Статија Мисајловски: Македонија и Словенија со исти вредности и цели – стабилен регион и безбедно НАТО

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Преку Европол ќе се обезбедуваат податоци за банкарски сметки и имот во странство на корумпирани бизнисмени и функционери

Јавното обвинителство на Република Македонија, преку јавниот обвинител за врски на Република Македонија со Европравда одржа претходно договорен онлајн состанок…

February 12, 2025
МАКЕДОНИЈА

Бронзен медал за Македонија на Европската олимпијада по информатика за девојки која се одржува во Бон

Македонските ученички – информатичарки трета година по ред се оние коишто го најавуваат успешното учество за Македонија на меѓународните олимпијади…

July 22, 2025
МАКЕДОНИЈА

Протест пред град Скопје: Вработените од „Улица и патишта“ бараат плати и к- 15

Вработени во Јавното претпријатие Улици и патишта, утрово протестираат поради неисплатени плата и К-15. Протестот се одржува пред канцелариите на…

December 20, 2024
МАКЕДОНИЈА

Митровски: За палењето на македонското знаме може да се одговара и до пет години затвор

Aдвокатот Јанаки Митровски за „Република“ ги коментира синоќешните настани по повод прославата за Денот на албанското знаме. -Сторени се неколку…

November 29, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?