Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Министерството за здравство објави нови информации за бројот на хоспитализирани пациенти и нивната состојба
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Министерството за здравство објави нови информации за бројот на хоспитализирани пациенти и нивната состојба
МАКЕДОНИЈА

Министерството за здравство објави нови информации за бројот на хоспитализирани пациенти и нивната состојба

Објавено March 17, 2025 22:03
Сподели
Сподели

Министерството за здравство ја информира јавноста дека медицинските тимови на здравствените установи и денеска се целосно ангажирани во обезбедување соодветна медицинска нега за сите пациенти.

Состојбата на пациентите се следи внимателно, а понатамошните медицински постапки се спроведуваат врз основа на конзилијарни одлуки.

Во текот на денешниот ден, пациентите се распределени по здравствените установи низ земјата, и тоа:

Клинички центар – 52 пациенти
ГОБ „8 Септември“ – 17 пациенти
Универзитетска клиника „Св. Наум Охридски“ – 12 пациенти
Клиника за токсикологија – 10 пациенти
Аџибадем Систина – 7 пациенти

Покрај обезбедувањето медицинска нега во земјата, дел од пациентите се транспортирани во здравствени установи во странство, благодарение на меѓународната поддршка и соработката со партнерските земји:

Литванија – 4 пациенти
Австрија – 2 пациенти
Словенија – 2 пациенти
Република Србија – 12 пациенти
Република Бугарија – 1 пациент

Во текот на ноќта и утрешниот ден се очекува медицински транспорт од Австрија, Грција и Хрватска, со авиони и хеликоптери за натамошен трансфер на пациенти.

Министерството за здравство информира дека сите пациенти кои се префрлени во странство се во стабилна состојба и под континуирана медицинска нега.

Дополнително, во соработка со ЈЗУ Психијатриска болница-Скопје и Клиниката за психијатрија се формирани мобилни тимови составени од психијатри и психолози, кои обезбедуваат психолошка поддршка за пациентите и нивните семејства.

За сите кои имаат потреба од психолошко советување или помош, достапна е телефонската линија 078 378 754, каде што стручни лица обезбедуваат поддршка.

Министерството за здравство останува во постојана комуникација со сите надлежни институции и меѓународни партнери за натамошна координација и поддршка.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (ВИДЕО) Ројтерс објави снимка од копањето на гробните места на кочанските гробишта за починатите во пожарот
Следна Статија ЗНМ: Препораки за политичарите и носителите на јавни функции за комуникација со медиумите во моменти на трагични настани

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Мицкоски веднаш по враќањето од Америка ќе се сретне со синдикалците од УПОЗ

Средбата меѓу Владата и Синдикатот на УПОЗ ќе се реализира откако премиерот Христијан Мицкоски ќе се врати од официјалната посета…

January 17, 2025
МАКЕДОНИЈА

Градоначалникот на Кочани Папазов си даде оставка поради морални причини

Почитувани сограѓани,Во овие најтешки мигови за нашата земја и за мене лично, сакам да соопштам дека поднесувам неотповиклива оставка од…

March 17, 2025
МАКЕДОНИЈА

На германски путер во КАМ стои дека сме Провинција Македонија

На залепената декларација на путерот што се продава во КАМ маркетите, а кој е од германско потекло, покрај на македонски,…

November 28, 2024
МАКЕДОНИЈА

Апелационен суд им ги зголеми затворските казни на двајцата директори осудени за пожарот во модуларната болница во Тетово

Апелациониот суд Гостивар преку соопштение информира дека се преиначени одлуките од Основен суд Тетово за осудените лица во судскиот процес…

December 25, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?