Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Двајца загинати во тежок судир утрово на патот Прилеп-Битола
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Двајца загинати во тежок судир утрово на патот Прилеп-Битола
МАКЕДОНИЈА

Двајца загинати во тежок судир утрово на патот Прилеп-Битола

Објавено October 3, 2024 09:24
Сподели
Сподели

Две лица од Прилеп загинаа, а едно е повредено во тешката сообраќајна несреќа што се случила утрово пред 8 часот на патот Прилеп – Битола на излезот од градот, во близина на селото Лагово.

Сообраќајката настанала во директен судир меѓу патничко возило „тојота“ со прилепски регистарски таблички кое се движело кон Битола и камион кој се движел во обратен правец, кон Прилеп.

Екипите на Противпожарната единица се уште се обидуваат да го изгаснат огнот зашто во директниот судир возилата се запалиле.

Според првичните информации од началникот на Итната медицинска помош од Прилеп, Боше Милошески, повикот до екипата го примила околу 7:45 часот и на лице место е констатирана смрт на прилепчаните Никола и Наташа Василевски, а додека со повреди се здобил возачот на камионот.

Екипите на полицијата и основното јавно обвинителство вршат се уште увид на лице место, а магистралниот пат Прилеп – Битола е во целосен прекин.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Цукерберг стана четвртиот најбогат човек во светот
Следна Статија Ќе се воведува комунална полиција и ќе може да се отповика градоначалник

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Орбан: Срамно е што процесот на зачленување на Македонија во ЕУ оди споро, за тоа одговорни се членките на Унијата

Премиерот на Унгарија Виктор Орбан на денешната заедничка прес-конференција со македонскиот премиер Христијан Мицкоски, истакна дека посетата на македонската владина…

March 4, 2025
МАКЕДОНИЈА

Митева: Од осумте наследени арбитражни спорови, Владата заврши три со 516 милиони евра заштеди во Буџетот

Владата од наследените осум активни арбитражни постапки, со одговорен и ефикасен однос успешно заврши три во полза на Македонија со…

August 20, 2025
МАКЕДОНИЈА

Сиљановска-Давкова ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Руската Федерација

Претседателката Гордана Сиљановска-Давков денеска ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Руската Федерација, Дмитриј Константинович Зиков. Сиљановска-Давкова изрази уверување…

April 3, 2026
МАКЕДОНИЈА

Ќе се менуваат осум закони за да се спречат нови трагедии од семејно насилство

Во подготовка се  итни законски измени за подобрување на системот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејното…

March 14, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?