Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Миноски: Како да изградиме институции во служба на граѓаните?
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Миноски: Како да изградиме институции во служба на граѓаните?
МАКЕДОНИЈА

Миноски: Како да изградиме институции во служба на граѓаните?

Објавено September 25, 2025 11:25
Сподели
Сподели
„Вистинскиот тест за една демократија не е во зборовите, туку во квалитетот на нејзините институции и нивната способност да му служат на граѓанинот.“ – Вацлав Хавел
Секоја функционална држава се темели на ефикасни и независни институции – најцврстиот столб на општеството. Патот до такви институции не е едноставен. За да се постигне тоа, неопходни се јасна стратегија, вистински луѓе и соодветни алатки. Како што истакнува Светска банка: „Ефикасните институции обезбедуваат доверба, стабилност и предвидливост, без кои не може да постои ниту економски раст, ниту развиено општество.“
Првиот предуслов: стручно и компетентно раководство. Раководните лица мора да поседуваат знаење, искуство и визија. Тие не смеат да бидат резултат на политички компромиси, туку професионалци кои знаат како да создадат функционални институции.
Вториот предуслов: јасно дефинирани процеси и мерливи индикатори за успех. OECD истакнува дека „мерењето на резултатите и отчетноста се основа за доброто управување.“ Само на овој начин се обезбедува функционална систематизација на работните места, а не листа за вработување по партиска или непотистичка линија.
Третиот предуслов: ефикасен систем за управување со човечки ресурси. Потребни се транспарентни методологии за оценување на вработените, кои обезбедуваат напредување на компетентните и отстранување на оние што не ги исполнуваат стандардите. Како што потенцира ЕУ: „Јавната администрација мора да биде изградена врз принципот на квалитет и знаење, а не како мрежа за згрижување на послушници.“
Четвртиот предуслов: примена на модерни технологии. Во време на дигитализација и вештачка интелигенција, технологијата е клучна за ефикасност, транспарентност и доверба во институциите. UN DESA истакнува: „Дигиталното управување е двигател за транспарентност, иновации и доверба во јавните институции.“
Сепак, сите овие механизми се недоволни без почитување на професионални стандарди за етика, морал и интегритет. Јасен етички кодекс, почитување на законите и лојалност кон граѓаните – а не кон некакви центри на моќ – се неопходни за институциите да функционираат во интерес на граѓаните.
Само со комбинација од стручност, јасни процеси, модерна технологија и интегритет, како и со борба против корупција, негативна селекција и кронизам, можеме да изградиме институции кои навистина ќе им служат на граѓаните, а не да бидат нивен товар. Реформата на јавната администрација бара конкретни акции и личен пример, а не декларативни заложби, пишува на својот Фејсбук профил, поранешниот министер за финансии, Кирил Миноски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (Видео) Неидентификувани дронови над четири аеродроми во Данска: oва е втор пат оваа недела
Следна Статија ИФФК „Браќа Манаки“ ја врачи наградата Златна камера 300 за животно дело на Дариус Конџи

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

(ВИДЕО) Пожар на повеќе локации кај Смилковско езеро, Стефковски очекува прекин на електричната енергија

Градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски вечерва објави дека има пожар кај Смилковското езеро. -Вечерва на повеќе локации е…

July 9, 2025
МАКЕДОНИЈА

Утре и задутре општина Битола обезбеди бесплатен превоз до ски центрите на Баба

Општина Битола обезбеди бесплатен превоз до ски центрите на планината Баба, што ќе се реализира утре и во петок. Од…

January 7, 2026
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски на средба со Касаноф: Неопходна е поддршката од САД како наш стратешки партнер

Остварив средба со Александар Касаноф, Помошник државен секретар на САД за Западен Балкан, напиша премиерот Христијан Мицкоски на социјалните мрежи.…

January 21, 2025
МАКЕДОНИЈА

Орце Ѓорѓиески во убедливо водство во Скопје

Кандидатот на коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиески, води во вториот круг од локалните избори во Град Скопје…

November 2, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?