Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Николоски од Прилеп: Многу добро се знае дека Македонија беше под окупација, а не под администрација
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Николоски од Прилеп: Многу добро се знае дека Македонија беше под окупација, а не под администрација
МАКЕДОНИЈА

Николоски од Прилеп: Многу добро се знае дека Македонија беше под окупација, а не под администрација

Објавено October 11, 2025 15:10
Сподели
Сподели

Заменик претседателот на Владата и Министер за транспорт, Александар Николоски, денеска присуствуваше во Прилеп на одбележувањето на Денот на народното востание – 11. Октомври. Николоски го честиташе празникот и порача дека многу добро се знае против кого беше кренато Народноослободителната борба и дека Македонија во тој период беше под окупација, а не под администрација.

-Овој ден треба и да не’ потсети зошто го славиме. Не смееме да заборавиме зошто беше кренато востанието, против кого беше кренато и против чија идеологија беше кренато востанието. Јасно е дека Македонија беше под окупација, а не под администрација, јасно е дека имаше силна Народноослободителна борба, а не идеолошка борба помеѓу левичари и десничари и помеѓу комунисти и ројалисти, туку јасна национална борба на македонскиот народ за народноослободување. Не случајно партизанските одреди ги носеа имињата на илинденците и на врвните дејци на Внатрешната Македонска Револуционерна Организација, така што 11. Октомври е континуитет на 2. Август, ако го немаше 2. Август, немаше да го има ниту 11. Октомври, а ако го немаше 11.Октомври, немаше да го има 8. Септември 1991 година. Мора многу, многу јасно овие работи да ги кажуваме, македонскиот народ има свој историско-политички континуитет и јасна културолошка и јазична посебност, која што сега е негирана, особено од нашиот источен сосед, нешто на кое треба остро да се спротивставиме и да држиме до она што се основни принципи на македонската државност. Го честитам празникот, посакувам на сите жители и граѓани во Македонија убав празник и да не заборават зошто го славиме и како треба да го славиме – рече Николоски од Прилеп.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Насилни малолетнички тепале девојче, па снимката била објавена на социјални мрежи
Следна Статија ЕУ го започнува најголемиот проект – брзи возови ќе ги поврзат сите европски метрополи

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Невремето без струја го остави целиот дебарски регион

Невреме со обилен дожд, ветер и силни електрични празнења, вечерва го зафати Дебарско, што услови прекин во напојувањето со елетрична…

November 22, 2024
МАКЕДОНИЈА

Муцунски: Проширувањето на ЕУ не е само економска и трговска неопходност, туку предуслов за политичка и безбедносна стабилност на целиот континент

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, вчера и денеска учествува на Делфи Економскиот Форум што се одржува…

April 11, 2025
МАКЕДОНИЈА

СКОПЈЕ-ГЕВГЕЛИЈА-СКОПЈЕ: Од денеска е вратена уште една железничка линија

Од денеска е вратена уште една железничка линија, Скопје – Гевгелија – Скопје.  Со новиот возен ред, кој е со…

December 15, 2024
МАКЕДОНИЈА

Муцунски – Герапетритис: Грција ја поддржува Македонија на нејзиниот европски пат

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска, во рамки на работната посета на Грција, оствари средба со…

July 23, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?