Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: ЕУ го започнува најголемиот проект – брзи возови ќе ги поврзат сите европски метрополи
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > ЕУ го започнува најголемиот проект – брзи возови ќе ги поврзат сите европски метрополи
ЕКОНОМИЈА

ЕУ го започнува најголемиот проект – брзи возови ќе ги поврзат сите европски метрополи

Објавено October 11, 2025 15:50
Сподели
Сподели

Европа ќе биде поврзана како никогаш досега во следните 20 години. Имено, Европската Унија планира да изгради континентална мрежа на брзи железници, која ќе ги поврзе сите престолнини и големи урбани центри.

Проектот, наречен Европска мрежа на брзи железници, кој го промовира здружението CER (Заедница на европски железнички и инфраструктурни компании), наскоро треба да добие официјално одобрување од Европската комисија. Станува збор за најголемиот инфраструктурен проект во историјата на ЕУ, вреден 546 милијарди евра, со цел создавање побрз, позелен и поотпорен транспортен систем.

Над 49.400 километри брзи железнички линии
Планот предвидува изградба и модернизација на повеќе од 49.400 километри железнички пруги, каде што возовите ќе се движат со брзини од 250 до 350 километри на час. Новата мрежа ќе ги опфати сите главни градови, како и големи градски подрачја со повеќе од 250.000 жители – како Солун, Љубљана, Краков или Марсеј.

Алберто Макола, извршен директор на CER, истакна дека целта на проектот е железницата да стане главен облик на транспорт во Европа. Според проценките на CER, во иднина 50% од патувањата на долги релации ќе се одвиваат со брзи возови, додека 20% ќе користат стандардни линии.

„Брзата железница – столб на европскиот зелен транспорт“
И покрај децениските вложувања, Макола предупредува дека Европа и понатаму се соочува со сериозен инфраструктурен јаз. Проектот е во целосна согласност со Европскиот зелен план, кој има за цел намалување на емисијата на стакленички гасови од транспортот за 90% до 2050 година.

Планирано е патувањето од Атина до Истанбул да трае само четири часа, а од Мадрид до Милано помалку од шест часа. Брзите возови би станале вистинска конкуренција на авионскиот сообраќај на пократки релации, со значително помало загадување и еколошки отпечаток.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Николоски од Прилеп: Многу добро се знае дека Македонија беше под окупација, а не под администрација
Следна Статија Муцунски: Нема договор со Велика Британија за прифаќање мигранти – шпекулациите се штетни и неосновани

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Секој петти граѓанин во Македонија тоне во сиромаштија

Секое петто лице во Македонија живее под прагот на сиромаштија, покажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика за 2024…

May 4, 2026
ЕКОНОМИЈА

Николоски: Брзата пруга на Коридор 10 ќе биде „златната кокошка“ за Македонија

Изградбата на брза пруга на коридор 10 несомнено ќе биде „златната кокошка“ на Макeдонија бидејќи ќе носи многу профит, изјави…

May 6, 2025
ЕКОНОМИЈА

Јанкуловски: Мерката за намалување на ДДВ не е задоцнета

Мерката за намалување на ДДВ од 18% на 10% на нафтените деривати не е задоцнета и со тоа го штитиме…

March 24, 2026
ЕКОНОМИЈА

Јапонски службеник предупредува за нагло слабеење на јенот

Тргувачите гледаат висок потенцијал за владина интервенција за поддршка на валутата

December 23, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?