Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Муцунски: Нема договор со Велика Британија за прифаќање мигранти – шпекулациите се штетни и неосновани
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Муцунски: Нема договор со Велика Британија за прифаќање мигранти – шпекулациите се штетни и неосновани
МАКЕДОНИЈА

Муцунски: Нема договор со Велика Британија за прифаќање мигранти – шпекулациите се штетни и неосновани

Објавено October 11, 2025 15:13
Сподели
Сподели

Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски категорично ги отфрли шпекулациите дека Владата или Министерството воделе разговори со Обединетото Кралство за прифаќање мигранти.

„Во целост ја отфрлам дезинформацијата дека Владата или Министерството за надворешни работи и надворешна трговија разговарале или склучиле било каков договор со Обединетото Кралство за прифаќање мигранти. Такво нешто не постои – ниту како иницијатива, ниту како политичка намера,“ напиша Муцунски.

Тој оцени дека ваквите тврдења се „неосновани, штетни и исклучиво насочени кон дневнополитички поени“, повикувајќи ги сите политички субјекти да се држат до фактите и да покажат „минимум одговорност“.

„Ваквите изјави, за жал, се израз на целосно непознавање на состојбите и на тековните дипломатски ангажмани на државата. Со Обединетото Кралство имаме стратешко партнерство засновано на заемна доверба, политичка, економска и безбедносна соработка, а не на шпекулации и сензационализам,“ порача министерот.

Реакцијата на Муцунски следи по изјавата на лидерот на опозициската СДСМ, Венко Филипче, кој праша дали Владата разговара за евентуално прифаќање мигранти по примерот на договорите што Лондон ги склучува со трети земји.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија ЕУ го започнува најголемиот проект – брзи возови ќе ги поврзат сите европски метрополи
Следна Статија Монтгомери: Бомбардирањето на Србија беше грешка

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

ДУИ ја осудува трагедијата во Кочани, бара праведна и транспарентна истрага

Демократската унија за интеграција (ДУИ) изразува најискрено сочувство до семејствата на жртвите од трагедијата во Кочани и ја споделува тагата…

March 21, 2025
МАКЕДОНИЈА

Новите членови на Судскиот совет дадоа Свечена изјава

Денеска, во Охридската сала на Собранието, Сузана Јошевска- Анастасовска и Арлинда Кадри-Шахиновиќ, членови на Судскиот совет на Република Македонија, дадoa…

January 15, 2026
МАКЕДОНИЈА

Градоначалникот на Кочани не излезе во јавност, на ФБ изрази сочуство за настраданите

По трагедија во Кочани, во која во пожар во дискотека загинаа 59 лица, а речиси 150 се повредени, градоначалникот на…

March 17, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Националната ИКТ стратегија е клучниот документ за дигиталната трансформација, според кој ќе се мерат напредокот и достигнувањата

Денес го означуваме почетокот на изработката на Националната стратегија за информатичко-комуникациски и телекомуникациски развој– Националната ИКТ стратегија. Националната ИКТ стратегија…

October 16, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?