Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: Ако сака Европа да го задржи својот кредибилитет европратениците да го поддржат амандманот во кој билатералните протоколи се исклучуваат од преговарачката рамка со ЕУ
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Мицкоски: Ако сака Европа да го задржи својот кредибилитет европратениците да го поддржат амандманот во кој билатералните протоколи се исклучуваат од преговарачката рамка со ЕУ
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Ако сака Европа да го задржи својот кредибилитет европратениците да го поддржат амандманот во кој билатералните протоколи се исклучуваат од преговарачката рамка со ЕУ

Објавено June 17, 2026 16:07
Сподели
Сподели

Премиерот Христијан Мицкоски денеска порача дека европратениците треба да го поддржат амандманот во кој билатералните протоколи се исклучуваат како формален составен дел од преговарачката рамка со ЕУ.

Ако сака Европа да го задржи својот кредибилитет, тоа треба да го направи, треба да ја исправи неправдата што ѝ е нанесена на Македонија. Мислам дека тоа треба да се случи, европските пратеници треба да го поддржат и оној амандман во кој се нотираат придобивките и напредокот, но и оној дел во кој протоколите не се составен дел од преговарачката рамка. Ги охрабрувам и ги замолувам европратениците да се држат до европските вредности дефинирани од Шуман, Аденауер и Де Гаспери при формирањето на ЕУ – порача денеска премиерот Христијан Мицкоски.

Според него, за жал, некогаш вината треба да ја бараме и меѓу нас зашто во минатото имавме политичари медиокритети, кои им направија штета и на граѓаните и на државата.

Но, затоа сега имаме генерација, и тука и во Европскиот парламент, која е подготвена таа штета да ја исправи – потенцира премиерот одговорајќи на новинарски прашања.

Во врска со критиките од бугарските пратеници и претседателката Илијана Јотова за палењето на бугарските дипломатски возила во Скопје, Мицкоски уште еднаш повтори дека Владата најостро го осудува овој чин. Очекува, како што рече, и дека ќе биде расветлено сè што е во заднина на овој случај.

Владата го осуди тоа и веднаш го обезбеди лицето сторител на овој кривично-правен чин. Трае распитот, одземени се и уредите за комуникација, да видиме дали и со кого имал комуникација, која е содржината. Распитот èе уште трае. Не би брзал со какви било квалификации од страна на нашиот источен сосед, но најсилно го осудуваме како Влада и ќе постапиме во рамките на законските ингеренции, очекувам дека ќе биде расветлено сè што е во заднина на овој случај – напомена Мицкоски при посетата на реконструираната Општа болница во општина Струмица.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Само Игор Џамбазов знае како со Слави Трифонов (ВИДЕО)
Следна Статија Кој не ја виде магијата на Меси? (ВИДЕО)

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Гнасно ко*иле, смрт за вас: Тешки навреди кон новинарот Видиновски по видеото за хаосот пред Бугарската амбасада

Асномски ко*пилиња, Македонија е наша што сакаме ќе правиме, Смрт за вас. Ова се дел од тешките навреди и закани…

February 3, 2026
МАКЕДОНИЈА

Трагедија на Детска клиника: Почина 14-месечно бебе

Рано утринава на Клиниката за детски болести во Клинички центар ,,Мајка Тереза” во Скопје, починало 14-месечно женско бебе, дознава ,,Слободен…

October 5, 2024
МАКЕДОНИЈА

Македонија напредува со реформите- Литванија го поддржува патот кон ЕУ

Моментот за проширување на Европската Унија е сега и треба да се искористи, порача министерот за надворешни работи на Литванија,…

June 29, 2026
МАКЕДОНИЈА

Тошковски: На терен се над 90 отсто од силите со кои располага МВР

Денеска е ден на демократијата, денеска македонските граѓани ќе можат да си го остварат своето право на глас во рамки…

October 19, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?