Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: ДСЗИ бара дисциплинска постапка по смртта на новроденчињата- близначиња и стручен надзор во прилепската болница
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > ДСЗИ бара дисциплинска постапка по смртта на новроденчињата- близначиња и стручен надзор во прилепската болница
МАКЕДОНИЈА

ДСЗИ бара дисциплинска постапка по смртта на новроденчињата- близначиња и стручен надзор во прилепската болница

Објавено January 22, 2025 13:15
Сподели
Сподели

Државниот санитарен и здравствен инспекторат ќе издаде решение со наредба за спроведување постапка за утврдување дисциплинска одговорност кај здравствените работници кои учествувале во лекувањето и исписот на новороденчињата-близначиња кои починаа на 16 јануари, стои во наодот на Инспекторатот кој во понеделникот изврши вонреден инспекциски надзор во прилепската болница, конкретно во Гинеколошко-акушерското и во неонатолошкото одделение во случајот со починатите новороденчиња.

-Инспекторатот ќе издаде и наредба за задолжително известување на надлежен Центар за социјални работи во случај кога интересите на пациентот односно неговиот родител/старател се спротивставени, а за што од страна на ДСЗИ ќе биде спроведена и соодветна прекршочна постапка. Истовремено ДСЗИ врз основа на Законот за санитарна и здравствена инспекција, до министерот за здравство ќе иницира постапка за стручен надзор над стручната работа на здравствената установа согласно Законот за здравствена заштита, стои во известувањето на Државниот санитарен и здравствен инспекторат.

Инспекторатот констатирал дека кога на 10 јануари мајката со потпис, на свое барање заминала од болницата со новороденчињата предвреме родени на 30 декември и со мала тежина, болницата не го известила Центарот за социјални работи.

-Во врска со исписот од установата, од страна на докоторите од неонатолошкото одделение добиен е податок дека мајката инсистирала на испис на новородените и покрај нивното убедување дека треба да останат во установата се нивно целосно адаптирање. И покрај тоа новородените на барање на мајката и со нејзин потпис, испишани се од установата со препорака за доење, витамин Д3 и контрола кај педијатар поради мала тежина. Од страна на установата, во врска со предвремениот испис на новородените, не е доставено известување до надлежниот Центар за социјални работи, се вели во извештајот на ДСЗИ.

Бебињата близначиња се родија на 30 декември предвреме, во 34-та гестациска недела со мала тежина, под 2 килограми. На своја рака со потпис мајката на 10 јануари си заминала дома со бебињата. На 16 јануари при тешка здравствена состојба на бебињата, семејството од својот дом во селото Славеј повикало Итна помош. Била констатирана смртта на машкото бебе, а женското починало во прилепската болница.

Од прилепската болница информираат дека ќе биде формирана внатрешна комисија која ќе го испита случајот.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Николоски: Од Скопје ќе се лета до Женева и до Париз, воведуваме две нови дестинации на барање на дијаспората
Следна Статија Мобилните телефони забранети во училиштата на Општина Центар

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

И болните може да се излечат: Денеска е Балаклија, првиот петок по Велигден

Првиот петок по Велигден е Источен петок – Балаклија. Источен петок, се вика уште и Извор на лекувањето, бидејќи тој…

April 25, 2025
МАКЕДОНИЈА

Судијката Даниела Димовска избрана за в.д. претседател на Основниот кривичен суд Скопје

Судијката Даниела Димовска е избрана за вршител на должноста претседател на Основниот кривичен суд Скопје, откако претходниот претседател Иван Џолев…

July 3, 2025
МАКЕДОНИЈА

(ВИДЕО) Со се колата ме дигнаа – Таксистот Џелили опишува како му го дигнале автомобилот со пајак заедно со него на кровот

Откако вчера на паркингот кај Железничката и автобуската станица му го кренаа такси возилото додека беше качен на автомобилот, Фатмир…

April 29, 2025
МАКЕДОНИЈА

Се разгледуваат можности за изградба на нов саемски комплекс во Скопје

Директорот на Службата за општи и заеднички работи, Ивица Томовски, денеска одржа работна средба со претставници на „Скопски саем“, на…

April 22, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?