Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Димитров нападнат од непознато лице – му дошол зад грб, го удрил и му се заканил
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Димитров нападнат од непознато лице – му дошол зад грб, го удрил и му се заканил
МАКЕДОНИЈА

Димитров нападнат од непознато лице – му дошол зад грб, го удрил и му се заканил

Објавено November 2, 2024 21:41
Сподели
Сподели

Поранешниот министер за надворешни работи Никола Димитров денеска додека се движел со син му од пазарење, бил нападнат од страна на непознато лице. Според полицијата Димитров бил нападнат од задгрб, при што добил удар со нога во долниот дел на половината. ОД МВР посочуваат дека по ударот, лицет му се заканило на Димитров и заминало.

„Димитров по инцидентот влегов во кола со синот во колата, па пријавил во најблиската полициска станица во Ѓорче Петров, каде бил извршен разговор. Димитров го опишал напаѓачот по кој веќе се трага“, велат од МВР.

За инцидентот претходно информираше ексминистерот на социјалните мрежи:

Утрово додека нешто пазарев имав непријатна случка со човек кој ни го знам ни го познавам, а кој ме нападна со агресија и закани.
Не знам точно зошто, оти не кажа, веројатно политички, а јас политички сум толку свој што може од сите страни да бил инспириран 🙂
Шегата настрана, ние сме јавни личности, ние мораме да имаме повисок праг на толеранција на критика и да сме свесни дека не сите граѓани ќе ја почитуваат или ќе се задоволни од нашата работа.
Но, во моментот кога таа критика е изблик на вербална или физичка агресија, мора да се реагира.
Должност е да се реагира.
Затоа и случајот уредно го пријавив.
Јас сум добро, самиот инцидент не сакам ни да го коментирам, си бркаат работа органите на редот, ама очигледно не е добра македонската демократија и тоа си заслужува коментар.
Секојдневно гледаме како просто извира омраза од партиите, од ботовите, од медиумите… болно ни е општеството кога насилници и силеџии сред бел ден може да се закануваат и да се силат.
Прочитав дека вчера група насилници дивееле и напаѓале среде Центар, на улица Македонија. Секојдневно има информации за тепачки, пресметки, па дури и убиства.
По училиштата имаме страшни случаи на булинг и меѓуврсничко насилство.
Вчера само какви вести имаше.
Додека јас чекав во станица, две жени дојдоа извадени од памет, да пријават обид за грабнување на дете. Не знам како се разви случајот и што точно полицијата утврди, но самиот момент дека некој се сомнева оти детето пробале да му го грабнат сред бел ден зборува многу и беше крајно вознемирувачки да се сведочи на тоа.
Во атмосфера на неказнивост и немање на ред страдаат сите граѓани.
Дивеење, некултура, агресија… во сообраќај, по молови, во училишта, во болници… ова е недозволиво и итно мора да се стави крај.
Одговорност и ред!
Мора да сме и подобри и позрели од ова, пријатели, инаку сите ќе се удавиме во примитивизам.
Прашањето ќе биде само кој ќе биде прв.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Работник се бори за живот, откако падна од зграда која се гради во „Треска“
Следна Статија (ВИДЕО) Се појави нова снимка од уривањето на настрешницата во Нови Сад

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Стојаноски: Владата има јасна стратегија и план за справување со загадувањето, а тоа се когенеративните централи

Во емисијата „За или против“ на телевизија Алфа, вечерва гостуваше пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски кој меѓу другото…

November 12, 2024
МАКЕДОНИЈА

Од денеска до 5 март пријавување за правото на субвенциониран студентски оброк

Министерството за образование и наука ги информира студентите дека рокот за пријавување за правото на субвенциониран студентски оброк за академската…

March 1, 2026
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Се манипулира со темата Балансер, ЕУ констатира дека е злоупотребен од минатата власт и работиме на ново решение

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски во гостување во емисијата „Клик Плус“ на ТВ 21 говорејќи околу укинувањето на балансерот истакна…

December 17, 2024
МАКЕДОНИЈА

Судскиот совет го разреши судијата Енвер Беџети кој беше ставен на црната листа на САД

удскиот совет вчера го разрешил апелациониот судија Енвер Беџети, кој од декември 2024 година е ставен на црната листа на…

May 27, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?