Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Франција ќе ја поддржи Македонија на нејзиниот евроинтегративен пат, порачаа од Елисејската палата
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Франција ќе ја поддржи Македонија на нејзиниот евроинтегративен пат, порачаа од Елисејската палата
МАКЕДОНИЈА

Франција ќе ја поддржи Македонија на нејзиниот евроинтегративен пат, порачаа од Елисејската палата

Објавено November 8, 2024 15:48
Сподели
Сподели

Франција ќе ја поддржи Македонија на нејзиниот евроинтегративен пат, но во согласност со меѓународно преземените обврски – ова е пораката која како што е објавено од Елисејската палата, францускиот претседател Емануел Макрон ја пренел на премиерот Мицкоски на состанокот кој двајцата го имаа на маргините на самитот на Европската политичка заедница. Покрај за европските интеграции на земјава, во кусото соопштение како што е наведено, Мицкоски и Макрон разговарале и за продлабочување на односите меѓу двете земји, особено во однос на економската соработка.

За време на средбата, двајцата лидери се согласија за важноста од продлабочување на односите меѓу Франција и Македонија, особено во однос на економската соработка во областа на енергетиката, здравството и транспортот. Претседателот на Републиката во тој контекст ја потврди и поддршката на Франција за европската траекторија на Македонија. Тој посочи дека Франција ќе ги поддржи сите напори на Македонија во оваа насока, во согласност со нејзините меѓународни обврски. – стои во соопштението објавено од Елисејската палата.

Премиерот Христијан Мицкоски пак, по состанокот со Макрон во Будимпешта и учеството на Европската политичка заедница порача дека е оптимист за деблокада на македонските евроинтеграции.

Мора да успееме. Мора да бидеме таму каде што заслужуваме. А тоа е, успешна, европска приказна, а местото наше е во рамките на ЕУ. После овој состанок на ЕПЗ тука во Будимпешта сум уште повеќе оптимист дека мора да не биде и ќе не биде – истакна Претседателот на Владата.

Средбата според вицепремиерот Николоски е силна порака за земјава, особено како што вели, Макрон во моментов има највисока поддршка од сите земји-членки во Унијата.

Макрон во моментов неспорно е лидер на Европа, политичар којшто има највисока поддршка и најстабилен мандат во рамки на ЕУ од сите големи земји-членки и на конференција којашто трае само еден ден, да одвои толку време за да се сретне со премиерот на Македонија, мислам дека многу говори и за личниот авторитет што го има премиеорт Мицкоски и за угледот што го ужива Македонија – изјави денеска Александар Николоски, Вицепремиер и министер за транспорт.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Орбан предвидува: Новата влада на Доналд Трамп ќе ја прекине помошта за Украина
Следна Статија Коњановски: Противпожарната зграда во Битола во финална фаза

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Во ЕУ има 15,7 судии на 100 000 жители, а во Македонија 20,1

Европската Унија во 2024 година имала 15,7 професионални судии на 100 000 луѓе, што е намалување во споредба со 17,7…

July 19, 2026
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Прво завршени преговори со ЕУ, па уставни измени

Ние како нација направивме се што можевме, претрпевме многу понижувања и прифативме многу лоши договори заради нашата европска перспектива и…

February 21, 2025
МАКЕДОНИЈА

Повисоки плати за наставниците од наредната година

Од март следната година, наставниците ќе го добијат договореното покачување на платите, најави министерката за образование Весна Јаневска на брифинг…

December 29, 2025
МАКЕДОНИЈА

Дескоска: „Шангајска“ или „Шиндлерова листа“ – Предлог-законот за високо образование содржи небулозни одредби

Универзитетската прoфесорка и поранешна министерка за образование и за правда, Рената Дескоска денеска се осврна на актуелната дебата околу актуелниот…

February 28, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?