Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Бил закана за Бугарија зашто сакал да се поклони на споменикот на Јане Сандански
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Бил закана за Бугарија зашто сакал да се поклони на споменикот на Јане Сандански
МАКЕДОНИЈА

Бил закана за Бугарија зашто сакал да се поклони на споменикот на Јане Сандански

Објавено April 26, 2025 10:12
Сподели
Сподели

На Тихомир Стојановски, професорот на Факултетот за драмски уметности во Скопје, вчера му бил забранет влезот во Бугарија. Од документите што ги добил, може да се заклучи дека, според бугарските власти, тој претставува закана за безбедноста на оваа држава.

Стојановски имал намера да присуствува на собирот на Македонците во Мелник пред споменикот на пиринскиот цар Јане Сандански во организација на македонската партија ОМО Илинден, објави МКД.Мк

 Стојановски вели дека често патува во Бугарија, дека повремено учествува на собирите на Македонците во оваа држава, држи говори на овие собири, но никогаш и никаде не кажал дека Бугарите не постојат или пак искажал некакви територијални претензии.

„Напротив, сите мои говори се однесуваат на почитувањето на човековите права на Македонците во Бугарија, на заедничкото живеење, на меѓусебното почитување, на отворени граници. Некои велат дека ова е одговор на забраните за влез во Македонија за некои бугарски државјани, но тие луѓе јавно изјавуваат дека нема Македонци, дека не постои македонската држава, дека сите сме Бугари…. Јас тоа никаде не сум го рекол“, вели Стојановски во изјавата за МКД.мк.

Тој добил и два документа во кои пишува според кои членови на бугарските закони е изречена забраната.

На својот фејсбук-профил Стојановски јавно се обраќа до Министерството за надворешни работи на Македонија, до македонскиот премиер, со Советот на Европа и до бугарските политичари и вели дека не се дозволува културна размена меѓу Македонците во Македонија и Македонците во Пиринска Македонија,  Бугарија.

„Ми удрија печат со забрана чкртнат со фломастер. Имало допис од државна безбедност дека сум закана за безбедноста за Р. Бугарија. Ми дадоа да потпишам два документа и ме вратија назад, со зборови дека имам забрана за влез во нивната земја“ вели Стојановски кој вчера беше вратен од Граничниот премин Деве Баир Ѓуешево.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Се самоуби жената што ги обвини принцот Ендрју и Епштајн за сексуална злоупотреба
Следна Статија ДКСК со потпис на Димитровска отфрлила две пријави поврзани со „Адитив“

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

BlogБАЛКАНЗДРАВЈЕМАКЕДОНИЈАПОЛИТИКА

Мицкоски: За 100 дена отплаќаме долг од 2 милијарди денари на Фондот за здравствено осигурување

Денеска на покана на директорот на Фондот за здравствено осигурување сме овде. Можевме да видиме каква е реалната состојба што…

September 26, 2024
МАКЕДОНИЈА

На Скопје му треба градска полиција која ќе казнува за смет и за изметот од милениците

Надлежните не го собираат навремено сметот, но од друга страна и несовесните граѓани го фрлаат отпадот насекаде. Веќе подолго време…

August 16, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски за договорот со В. Британија: Ниту било побарано од мене, ниту ми паднало на памет градење мигрантски кампови!

Во денешниот говор на годишната конференција на УЖ на ВМРО-ДПМНЕ, претседателот на апртијата и премиер, Христијан Мицкоски, се осврна и…

May 18, 2025
МАКЕДОНИЈА

Последниот ручек на Халкидики

Со години слушаме дека Заев и Филипче ќе бидат „пример“ за правда. И навистина се пример – како се живее…

August 10, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?