Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Советот на јавни обвинители ја потврди одлуката за суспендирање на Хајрулахи
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Советот на јавни обвинители ја потврди одлуката за суспендирање на Хајрулахи
МАКЕДОНИЈА

Советот на јавни обвинители ја потврди одлуката за суспендирање на Хајрулахи

Објавено November 18, 2024 15:20
Сподели
Сподели

Советот на јавни обвинители ја потврди одлуката за оддалечување на вишиот јавен обвинител Мустафа Хајрулахи од функцијата, која беше донесена од Републичкиот јавен обвинител. Жалбата на Хајрулахи беше одбиена како неоснована.

Одлуката беше донесена со седум гласа „за“ и еден „против“, по расправа која беше затворена за јавноста заради заштита на интегритетот на обвинителот. Претседателката на Советот, Душица Димитриевска, ја потврди одлуката за суспензија додека трае кривичната постапка против Хајрулахи.

Кети Петкова, член на Советот, го оспори решението, сметајќи дека Републичкиот обвинител го прекршил Законот за јавно обвинителство и ја нарушил самостојноста на обвинителите. Таа истакна дека е недопустливо суспензијата да биде резултат на кривична пријава за мобинг.

Хајрулахи, кој беше суспендиран по наредба на Основното јавно обвинителство Штип, изрази загриженост дека кривичната пријава против него има за цел да го отстрани и заплаши, како и да влијае на другите обвинители. Нему му се става на товар продолжено кривично дело „малтретирање во вршење на службата“ и „злоупотреба на службена положба“.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Николоски-Алиу: Македонија е силно посветена на изградба на модерна инфраструктура што ќе ја поврзе со регионот- патно и железничко поврзување во фокус
Следна Статија Eкс-директорот го украл ехо апаратот од ЈЗУ Општа болница Кичево

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Андоновски: Работиме на воведување „роаминг како дома“ со Европската Унија

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, на отворањето на Дигиталниот самит на Западен Балкан (WBDS) 2025, најави интензивна работа на…

October 3, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски од Берлин: Канцеларот Шолц потврди дека Германија е наш силен сојузник, не водиме политика на свиткана кичма, заслужуваме да ги отвориме поглавјата кон ЕУ

На маргините од првиот ден на таканаречениот „Берлински процес” кој се одвива во Сојузна Република Германија премиерот на Република Северна…

October 15, 2024
МАКЕДОНИЈА

Сиљановска Давкова очекува и прашањето за спорот со Софија да биде отворено во разговорите со Фон дер Лајен

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова очекува меѓудругото и прашањето за спорот со Бугарија да биде споменато за време на посетата на…

October 14, 2025
МАКЕДОНИЈА

Правда за Фросина, порачаа илјадници граѓани на масовниот протест за правда и безбедност во Скопје

Илјадници граѓани денеска во Скопје се собраа на мирен протест изразувајќи ја својата поддршка за Фросина Кулакова и сите жртви…

February 2, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?