Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Николоски-Алиу: Македонија е силно посветена на изградба на модерна инфраструктура што ќе ја поврзе со регионот- патно и железничко поврзување во фокус
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Николоски-Алиу: Македонија е силно посветена на изградба на модерна инфраструктура што ќе ја поврзе со регионот- патно и железничко поврзување во фокус
ЕКОНОМИЈА

Николоски-Алиу: Македонија е силно посветена на изградба на модерна инфраструктура што ќе ја поврзе со регионот- патно и железничко поврзување во фокус

Објавено November 18, 2024 15:00
Сподели
Сподели

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, заедно со заменик министерката за транспорт Калтрина Зеколи Шакири, денеска остварија билатерална средба со Либурн Алиу, министерот за транспорт на Косово.

Средбата се одржа во рамки на заедничката седница меѓу владите на Македонија и Косово.

Во фокусот на средбата беше квалитетно поврзување меѓу двете земји со посебен акцент на патното и железничкото поврзување.

Николоски истакна дека Македонија е влезена во силен инвестициски циклус во изградба на модерна патна и железничка мрежа, притоа потенцира дека не се отстапува од автопатско поврзување меѓу двете земји. На средбата исто така се отвори и темата за повторно воспоставување на железничкиот сообраќај и изградба на заедничка железничка станица.

-Имаме добри билатерални односи со Косово и тоа се потврдува со денешната заедничка седница меѓу двете Влади. Косово е наш сосед, економски значаен партнер и мораме заеднички да работиме на регионалниот развој и соработка. Со министерот Алиу разговаравме за заеднички проекти како би го забрзале економскиот развој на регионот и ќе придонесеме за подобра комуникација, олеснување на транспортот и создавање на подобри услови за граѓаните и компаниите, истакна заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски.

На средбата се раговараше и подобрување на условите во патниот транспорт и превозот на патници.

Министрите се согласија на интензивирање на соработката и унапредување на политиките што се однесуваат на регионалното поврзување.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Лефков: Во Буџетот за 2025 година 25% повеќе пари за здравството од оваа година, владата на ВМРО-ДПМНЕ го реализира ветеното
Следна Статија Советот на јавни обвинители ја потврди одлуката за суспендирање на Хајрулахи

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

ПОЧНА ПОСТАПКАТА ЗА ТРЕТ МОБИЛЕН ОПЕРАТОР: Прво ќе има јавна расправа за спроведување тендер за трет мобилен оператор

Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) објави  намера за спроведување постапка на јавен тендер со јавно наддавање за нов мрежен оператор во државава,…

April 22, 2025
ЕКОНОМИЈА

Поскапеа цигарите, од први јануари повисока акциза

Поскапеа дел од цигарите. Родео, Бос, Давидов и Вест од денес имаат за 10 денари повисока цена. Причината е новите…

October 16, 2024
ЕКОНОМИЈА

IBM близу до договор за купување на Confluent во вредност од 11 милијарди долари

Меѓународната корпорација за бизнис машини (IBM) е во напредни преговори за преземање на фирмата за инфраструктура на податоци Confluent за…

December 9, 2025
ЕКОНОМИЈА

Нафтата над 125 долари, берзите паѓаат

Цената на нафтата Brent crude oil надмина 125 долари за барел, додека азиските берзи забележаа пад, под притисок на новите…

April 30, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?