Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Песков: Европа не може да биде посредник во конфликтот во Украина
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Песков: Европа не може да биде посредник во конфликтот во Украина
СВЕТ

Песков: Европа не може да биде посредник во конфликтот во Украина

Објавено May 29, 2026 17:21
Сподели
Сподели

Европа не може да дејствува како посредник во конфликтот во Украина бидејќи е директна страна во кризата, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Тој нагласи дека европските земји отворено застанале на страната на Киев и дека европското оружје се користи во напади врз Русија.

– Европа во моментов е страна во конфликтот бидејќи ја поддржува Украина. Европското оружје се користи против нас и тоа не може да се игнорира – изјави Песков, пренесе агенцијата ТАСС.

Портпаролот на Кремљ оцени дека сепак е позитивно што Европската Унија бара начин за воспоставување дијалог со Москва.

– Самото тоа што се бара некој што би можел да започне разговор со Русија е позитивен сигнал и тоа треба да се поздрави – рече тој.

Според Песков, најголемата грешка на Брисел била прекинувањето на дијалогот со Москва, што, како што наведе, довело до сегашниот ќорсокак во односите меѓу Русија и Европската Унија.

Тој додаде дека засега нема конкретни предлози за тоа кој би можел да води разговори со Русија.

Кремљ позитивно ја оцени и изјавата на унгарскиот премиер Петер Маѓар дека Будимпешта нема да испорачува оружје и воена опрема за Украина.

– Ако некоја земја смета дека нема потреба дополнително да се разгорува конфликтот, тоа треба да се поздрави – истакна Песков.

Тој повтори дека мирот во Украина би можел да дојде побрзо доколку сите земји престанат со испораките на оружје за Киев.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски за предлогот на Мерц: Љубопитни сме да дознаеме каква е идејата
Следна Статија Исламист со потекло од Македонија доби 15 години затвор во Австрија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Кратко траеа преговорите меѓу Русија и Украина – барањата на Москва неприфатливи за Киев

Завршија првите директни мировни преговори за прекин на огнот во Украина. Москва на разговорите настапиле со нови територијални барања кон…

May 16, 2025
СВЕТ

Пронајдени се остатоците од урнатиот авион во западна Алјаска, сите 10 лица се загинати

Пронајдени се останатите делови од малиот авион што завчера се урна во западна Алјаска, а сите 10 лица на борт…

February 8, 2025

Трамп остро критикува Роб Рајнер

Поранешниот претседател изјави дека не го симпатизира режисерот и филмски работник

December 17, 2025
СВЕТ

Ова е масовниот убиец од Грац: Уби 10 луѓе, па изврши самоубиство

Австриските власти продолжуваат да бараат одговори зошто 21-годишниот вооружен човек идентификуван како Артур.А., уби 10 лица во пукотница во неговото…

June 11, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?