Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: УЕФА го казни Вардар со 250.000 евра поради двојни договори и фалсификати
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > УЕФА го казни Вардар со 250.000 евра поради двојни договори и фалсификати
СПОРТ

УЕФА го казни Вардар со 250.000 евра поради двојни договори и фалсификати

Објавено June 10, 2026 10:53
Сподели
Сподели

Најтрофејниот македонски фудбалски клуб добил казна од Европската куќа на фудбалот (УЕФА) во висина од 250.000 евра и условна казна од три години да не се повтори делото за сезоната 2023/24.

Извршниот директор на клубот, Миленко Неделковски информира УЕФА ги казнила „црвено-црните“ поради лошо финансиско работење, како и двојни договори и фалсификати кои се правеле во таа сезона.

Клубот ќе биде под тригодишна условна казна, односно надзор и секое ново прекршување на правилата на УЕФА би можеле да донесат до сериозни казни.

„За сезоната 23/24 Вардар е казнет со 250.000 евра од УЕФА и условна казна од три години да не се повтори делото. Поради двојни договори и фалсификати направени во таа сезона. УЕФА правеше 10 месеци ревизија во Вардар во изминатиот период“, oбјасни Неделковски.

Неделковски кажа дека случајот со двојните договори со фудбалери и фалсификувани документи е пријавен и до надлежните институции, односно е поднесена кривична пријава до Основното јавно обвинителство (ОЈО). Неправилностите во клубот се утврдени пред доаѓањето на новиот сопственик на Вардар.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Поради старт на Светското првенство во фудбал, во Мексико Сити се затвораат училиштата, а јавната администрација ќе работи од дома
Следна Статија Почнува Светското првенство во најважната споредна работа на светот

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

Виктор Ѓокереш официјално нов играч на Арсенал

Виктор Ѓокереш е новиот играч на Арсенал, 27-годишниот напаѓач денес ги помина медицинските тестови во Лондон и потпиша договор со…

July 27, 2025
СПОРТ

Мисисипи ги изненади Џорџија: Доцен гол го однесе купот во Sugar Bowl

Предводени од ѕвездениот квотербек Тринидад Чемблис, Мисисипи го победи големиот фаворит Џорџија

January 3, 2026
СПОРТ

УЕФА го именува Омерагиќ за член во едно од најважните тела во европскиот фудбал – HatTrick комисијата

Првиот човек на Фудбалската Федерација на Македонија (ФФМ), Масар Омерагиќ денеска информираше дека УЕФА го именувала за член на HatTrick…

October 4, 2025
СПОРТ

Фудбалерот Лазаров не е единствениот, уште двајца спортисти загинаа во страотниот пожар во Кочани

Страшниот пожар што избувна во дискотеката во Кочани, го одзеде животот на повеќе од еден спортист. Покрај фудбалерот Андреј Лазаров, животот…

March 17, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?